Загорски штрукли
Штрукли (загорски штрукли) се традиционално хрватско јадење кое се прави во голем број на домаќинства во Хрватско Загорје и Загреб. Штруклите можат да се подготват на два основни начина: со варење или со печење.[1]
Подготовка
уредиПодготвувањето на ова традиционално домашно јадење подразбира посебна умешност на секоја домаќинка од подрачјето на Хрватско Загорје, кое опфаќа подрачје на Крапинско-загорската и Вараждинската жупанија, а во малку поразлична варијанта се готви и во цела средна Хрватска. Загорскиот крај изобилува со разни десерти кои досетливите сиромашни домаќинки од овој крај ги подготвувале за своите многучлени семејства. Штруклите можат да бидат солени и благи, можат да се варат или да се печат, можат да се послужат како чорба, предјадење, десерт, главно јадење или како самостојно мало јадење. Секој дел од ова подрачје има свој рецепт и начин на подготовка на штрукли. Сепак, сите варијанти на ова јадење во основа имаат сличен состав: тесто кое се развлекува, се полни со кравјо сирење, се додава кисела павлака и јајца, потоа се витка и се пече. На овој начин се готвеле штрукли во старите загорски домаќинства со векови наназад, и како такво јадење не е познато во слична форма никаде на друго место во светот. Кога созрева зеленчукот, кога има млади тиквички и тикви, штруклите често се полнат со нив, па тогаш се зборува за традиционален домашен тикварник. За полнење може да послужи и репка или толчени зрна од афион. Зависно од полнењето, штруклите можат да бидат сирењаци, тиквачи, штрукли со репа или штрукли со афион.[1]
Тестото се прави од брашно мешано остро и меко во еднаков однос, кое се замесува со додавање на млака вода, јајце, малку оцет, сол и две лажици масло. Се меси додека не почне да се одвојува од подлогата на која се меси. Се дели на топчиња, се покрива со чиста крпа и се остава околу еден сат. Потоа секое топче од тестото се развлекува полека на чаршав постелен на маса. За да не се кине кората внимателно се премачкува со масло. Откако ќе се развлече тенка кора преку целата маса, внимателно се кинат подебелите делови на крајот. Кората се посипува со подготвениот мастрав кој може да биде различен и со чаршавот постепено се витка во ролна. Ролната се става во соодветно намачкано тавче, се залива со масло, путер или маргарин и се пече.
За полнење се користат различни продукти: сирење, павлака, јајца и сол. За слатки штрукли се додава шеќер.
За тикварник се користи тиква, која се меша со кравјо сирење, јајца и малку сол. Тиквата може да биде од било кој вид и пред употреба се сече, се ренда, се посолува и се остава малку да отстои. Откако ќе се исцеди, се меша со сирење и јајца и со оваа смеса се полнат корите.
За штрукли со афион, се користи афион кој се вари во млеко. Откако ќе се згусне смесата, се остава да се излади и се додаваат јајца и малку павлака. Подготовката понатаму е иста како кај другите штрукли.
За штруклите со репа потребна е претходно изрендана репа која е сварена во солена вода. Откако ќе се исцеди, се става во млеко да отстои кратко време, за млекото да го извлече мирисот на репата. Исцедената репа се додава на кравјо сирење, јајца и сол. Со оваа смеса се полни тестото.
Крапинско-загорската жупанија и Загорската агенција за развој го препознале културното богатство на овој крај и со желба да се сочуваат автохтоните рецепти, организирале манифестација наречена Штруклијада, која се одржува секоја година во овој крај.[1] Штруклите се подготвуваат во разни прилики, од секојдневни па сè до празнични. Ова јадење е најстарото познато јадење од ова подрачје.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Kako su štrukli postali hrvatski“. www.iceipice.hr. Посетено на 2018-05-18.
Надворешни врски
уреди- http://www.hah.hr/pdf/babicini_kolaci_2007.pdf (хрватски)
- http://www.hah.hr/pdf/babicini_kolaci_2008.pdf (хрватски)