Жоржет (ткаенина)
Жоржет[1][2] (од креп жоржет) — тенка и лесна креп ткаенина наречена по француската дизајнерка Жоржет де ла Плант.[3][4] Крепжоржет подразбира свилен жоржет.[5][6]
Традиционално се прави од свила, но понекогаш се користат и синтетички материјали како што е полиестерот. При допир има ситно зрнеста структура и нерамна површина
Жоржетот може да се најде во разни бои и дезени и се користи за изработка на блузи, фустани, вечерни тоалети, сари и декорации.[3] Жоржетот е рапава ткаенина, која што е исклучително издржлива и тешко се кине.
Галерија
уреди-
Венчаница, околу 1910 година
-
Глумицата Џеки Сондерс (1920 година)
Наводи
уреди- ↑ „жоржет“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „жоржет“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ 3,0 3,1 Picken, Mary Brooks (1957). A Dictionary of Costume and Fashion: Historic and Modern. Courier Corporation. стр. 88. ISBN 9780486402949.
- ↑ The Oxford English Dictionary's earliest citation is 1915.
- ↑ „крепжоржет“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „крепжоржет“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик