Жолто гушанче
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Трскари
Род: Hippolais
Вид: Жолто гушанче
Научен назив
Hippolais icterina
(Vieillot, 1817)

Жолтото гушанче (научHippolais icterina) е мала врапчевидна птица од семејството на трскарите (Acrocephalidae), од родот на дрвните трскари (Hippolais). Се размножува низ Европа, со исклучок на југозападот, каде е заменет со неговиот западен пар мелодичниот трскар (Hippolais polyglotta). Оваа птица ја има во Македонија. Таа е птица преселница што зимува под Сахара, во Африка. Терминот icterine се однесува на неговата жолтеникава нијанса.

Опис

уреди

Жолтото гушанче е трскар со средна големина, долг 12 - 13,5 см. Горните делови му се светли, зеленикавокафеави со посветла линија на крилјата, а одоздола е светложолт. Има светла линија над окото. Клунот му е светлопортокалов, силин и остар, а нозете синосиви. Половите се исти, а младенчињата се побледи на стомакот. Песната му е брзо назално брборење во кое се вклучени и имитации на други птици. Повикот може да го опишеме како тик или тик-тик-тик.

Поведение

уреди
 
Hippolais icterina

Живеалиштето на оваа птица се отворените листопадни шуми со грмушки, како и парковите и градините, често во близина на вода.

Се храни со инсекти, пајаци, друга ситна храна и бобинки.

Гнездото го прави добро скриено во дрво или грмушки и несе 4-6 јајца.

Статус

уреди

Во Европа има 3.500.000-7.100.000 пара, или од 10.500.000 до 21.300.000 единки.(BirdLife International 2004). Европската популација сочинува 75-94% од глобалната, па глобалната приближно би изнесувала 11.200.000-28.400.000 единки.[2]. Според Црвениот список на МСЗП оваа птица е класифицирана како вид со најмала загриженост.

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Hippolais icterina. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. http://www.iucnredlist.org/details/106007636/0

Надворешни врски

уреди