Жозеф Мари Жакар (француски: Joseph-Marie Jacquard, 17521834) — француски пронаоѓач. Во 1801 година јавно го покажал својот автоматски разбој со револуционерни технолошки елементи. Овој негов пронајдок е прогласен за јавно добро во 1806 година, и Жакар бил награден со доживотна пензија и посебни привилегии.  Неговите дупчени картички ги прилагодил Чарлс Бебиџ, користејќи ги и за својата аналитичка машина. Технологијата на разбојот на Жакар била основа на вториот модерен автоматски разбој и претходник на современиот компјутер.

Жакаровиот разбој

Жакаров разбој

уреди

Во 1801 година разбојот бил прифатен многу брзо и веќе во 1806 година само во Франција имало 11.000 такви разбои. За секој од нив Жакар добил надомест. Истата година, овој неговиот изум бил прогласен за јавно добро, а на Жакар му бил доделена доживотна пензија и посебни привилегии.

Начело на работа на Жакаровиот разбој

уреди

Жакаровиот разбој користел дупчени картички за да управува со постапките. Овој разбој имал програма што се состоела од низа дупчени метални картички што ја управувале работата на разбојот.[1] Иглите влегоа во дупките во картичката, а различни комбинации на удари создадоа различни обрасци и дизајни на ткаениот материјал, што драматично го подобрил квалитетот и дизајнот на ткаенините.[2]> Наједноставните повторувачки обрасци можеле да се вклопат на една картичка, додека посложените барале цел шпил. На основа на распоредот на отворите на картичките ткајачкиот разбој ги бирал боите што треба да се користат на одредени места. Кога картичките се поврзувале во лента, разбојот можел да ткае шара што ќе се повторува.[3]

Наводи

уреди
  1. „Automatske mašine“. Informatika za Prvi Razred Gimnazije. Gimnazija "Svetozar Marković" Niš. Посетено на 24 март 2019.
  2. Krstev, Cvetana. „Automatizacija proizvodnje“. Zvanični sajt. Matematički fakultet : Univerzitet u Beogradu. Посетено на 24 март 2019.
  3. „Mehanička era“. VIRTUALNI ČAS. Архивирано од изворникот на 24. 03. 2019. Посетено на 24 март 2019. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)

 Надворешни врски

уреди