Жито Лукс АД Скопје, денес е компанија која што преку својата работа и производите со врвен квалитет секојдневно го потврдува статусот на водач во мелничко-пекарската индустрија. Најголемиот производител на леб и брашно, веќе 68 години демонстрира голема посветеност, грижа за потрошувачите и континуирано вклучува нови трендови во прехранбената индустрија. Поради своите атрибути како стабилност, иновација и фокусирање на потребите на потрошувачите, Жито Лукс е компанија која што поставува нови стандарди во производствените програми и во богатата и различна понуда[1].

Жито Лукс
претпријатие Скопје
Видфабрика
ДејностПроизводство
Основано1946
СедиштеМакедонско Косовска Бригада бр.44 (администрација) и Булевар 3та Македонска Бригада бб. (мелница) 1000 Скопје, ,
Клучни личности
Производилеб, брашно, бели печива, производи од тесто, брашнено кондиторски производи
Вработени
1608
Мреж. местоhttp://www.zitoluks.com.mk

За Жито Лукс да биде најголемиот производител на леб во Македонија секојдневно придонесуваат над 400-те вработени кои се истакнуваат со својата вештина, обученост во тајните на пекарството и посветеност на работата. Вкусните лебови и висококвалитетното брашно се резултат на иновативноста и креативноста на нашиот тим, постојаното следење на новите текови во здравата исхрана, како и потребите на модерниот човек, но и традиционалните вкусови што оваа компанија ги следи уште од самото основање.

Жито Лукс секојдневно опслужува повеќе од 3000 клиенти со квалитетни, вкусни и свежи лебови преку својата добро организирана дистрибутивна мрежа, која како резултат на континуираниот напредок, во 2011 година била проширена и на српскиот и на косовскиот пазар.

Историја уреди

Наводи уреди

  1. „Профил на компанијата - Жито Лукс“. Жито Лукс. Архивирано од изворникот на 2018-08-31. Посетено на 2018-09-05.