Автожир

(Пренасочено од Жирокоптер)

Автожир, жироплан или жирокоптер – вид воздухоплов кај кого влечната сила се обезбедува со влечна или потисна елиса, а узгон со вртежно крило (ротор), без сопствен погон.

Автожир Монтгомери мерлин, едносед со двокрак узгонски ротор и трокрака потисна елиса.

Развој и употреба

уреди
 
Автожир Сиерва C.30 на Кралското британско воено воздухопловство во Империјалниот воен музеј во Дуксфорд. Со овој модел на автожир од 1938 година било је опремено Југословенското кралско воено воздухопловство

Првиот автожир го направил Шпанецот Хуан Сиерва во 1922 година. Со него, на 9 јануари 1923 година бил направен пробен лет со должина од 183 метри во близина на Мадрид. Неговиот автожир имал крила и ротор кој не можел да се управува. Имал труп сличен на авионот, со влечна елиса, а над трупот бил монтиран носач за ротор со пречник од 12 метри. Малите крила служеле за сместување на контролните површини, заедно со опашката.

Понатамошниот развој довел до автожир со крила и ротор кој може да се управува. Роторот имал подвижен кинематски зглоб што овозможувало управување на автожирот по правец. Овој вид полетувал така што почнувал да се врти хоризонталниот ротор под дејство на воздушната струја (од движењето напред под влијание на влечната елиса). Кога главниот ротор се врти доволно брзо (80-150 вртежи во минута), узгонот на роторот бил доволен да го подигне автожирот, а понатаму се движел како и авион. Предност била исклучително малата брзина на полетување, 30-40 км/ч.

Со автожир со подобра конструкција, со име С-8, Сиерва во 1928 година ги посетил Париз и Лондон. Понатамошниот развој довел до автожир без крила, со можности за промена на чекорот на елисата, итн. До Втората светска војна биле произведени неколку комерцијално успешни видови во разни земји, а некои биле користени и во Втората светска војна. После војната главно се напуштаат заради развојот на хеликоптерот.

Предности и недостатоци

уреди

Предност на автожирот над авионот е малата должина на полетување и слетување, големата разлика меѓу најголемата и најмалата брзина на летање, сигурноста на полетување. Мани му се малата носивост, слабата попречна стабилност, помалата брзина на летање, потешкото пилотирање и осетливоста на роторската конструкција.

Во однос на хеликоптерот, мана му е што не може да полетува и слетува вертикално од место и да лебди во воздух на едно место.

Автожирот послужил како основа за понатамошен развој на хеликоптерот и конвертипланот.

Поврзано

уреди

Литература

уреди
  • Војна енциклопедија. 1. Београд: Војноиздавачки завод. 1970. стр. 362–363.

Надворешни врски

уреди