Жељко Бебек
Жељко Бебек е роден во Бугојно. Рано покажал интерес кон музиката, забавувајќи ги гостите на својата мајка така што пеел песни што ги слушнал на радио. Така, експериментирал со усна армоника, ама неа ја оставил во трето одделение во основно училиште, затоа што сакал да свири гитара и да пее. Меѓутоа, неговиот учител не се согласил со тоа, така Жељко наместо да свири на гитара и да пее почнал да свири мандолина. Набрзо станал најдобар мандолинист во училиште, па му дозволиле да свири гитара.
Жељко Бебек | |
---|---|
Бебек на концерт, септември 2009 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Желимир Бебек |
Познат(а) и како | Жељко |
Роден(а) | 16 декември 1945 Бугојно, PR Bosnia and Herzegovina, FPR Yugoslavia |
Жанрови | Рок-музика, Поп фолк, Диско |
Занимања | Пејач |
Инструменти | вокали, гитра, бас гитара, мандолина |
Период на активност | 1965-до денес |
Соработници | Бијело дугме, Кодекси |
На шеснаесет години првпат засвирел во бенд, во забавниот бенд „Ехо 61“ во втора година средно училиште, каде што го запознал Корнелие Ковач, Зоран и Фадил Реџиќ. Кога се распаднала групата, Бебек продлжил да свири со браќата Реџиќ, сè додека Фадил не отишол во Индекси.
Во тоа време Едо Бодељиќ го повикал во групата Кодекс. Бил пејач и гитарист во групата Кодекс 1960. Окулу 1960-те години, го запознал Горан Бреговиќ и почнал да пее со него. 1969 година свирел во дубравачка бара „Сплендид“.
Бебек ја продолжил кариерата како пејач и повремен бас-гитарист во Бело дугме од 1974 до 1984. 1978 година снимил соло албум " Скоро да сме исти " , албумот немал голем успех во. 1984 малку пред да го напушти Бело дугме снимил соло албум "Мене тјера неки враг ". Групата ја напуштил на 23 април 1984 година. Со својот авторски албум од 1985 " Жељко Бебек и Армија Б " се обидел да се врати на музичката сцена, ама без голем успех.