Жанета Гелевска - Велјаноска
Жанета Гелевска - Велјаноска позната како Жани (Куманово, 1966) е познат македонски и британски сликар.[1]
Жанета Гелевска - Велјаноска | ||
Родена | 1966 Куманово , Македонија | |
---|---|---|
Занимање | сликар |
Животопис
уредиГелевска Велјаноска е родена во Куманово во 1966 година. Во 1989 година дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство, во класата на проф. Ана Темкова. Станала член на друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) од 1989 година и од истата година добила статус на слободен уметник. Во 1999 година била поканета да изложува во престижниот салон Blains Fine Art Gallery in Mayfair во Лондон, каде и останала да живее и твори. Таа учествувала на голем број групни изложби, уметнички проекти и ликовни колонии и реализира дваесеттина самостојни изложби во Македонија, Англија (Лондон), Франција, Шпанија, Германија, Хрватска итн. Добитник е на три награди: 1990 г. – „Најдобар млад автор”, Награда на млад борец; 1994 г. – „Петар Мазев”, III Зимски салон; 1995 г. - Награда на пубиката „Сликарство мал формат”, КИЦ
Наводи
уреди- ↑ „Изложба на Жанета Гелевска во "Око"“. Кармакаша. 7 ноември 2011. Архивирано од изворникот на 2011-11-13. Посетено на 2012-02-15.
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место
- LIFESTYLE: Жанета Гелевска Вељаноска Архивирано на 4 март 2016 г. (Глобус магазин; бр. 108 12 мај 2009)