Жаир Болсонаро

бразилски политичар

Жаир Месијас Болсонаро (на португалски: Jair Messias Bolsonaro; роден во Глисерио, Саун Пауло на 21 март 1955 година) — бразилски политичар и пензиониран воен офицер кој е претседател на Бразил. Избран е во 2018 година како член на конзервативната Социјално-либерална партија, иако подоцна истата ја напуштил. Болсонаро е на претседателската функција од 1 јануари 2019 година. Претходно членувал во бразилскиот Пратенички дом, претставувајќи ја сојузната држава Рио де Жанеиро во периодот помеѓу 1991 и 2018 година.

Жаир Болсонаро
Претседател на Бразил
На должноста
Стапил
1 јануари 2019
Потпретседател Хамилтон Моуран
Претходник Мишел Темер
Член на Пратеничкиот дом
На должноста
1 февруари 1991 – 1 јануари 2019
Изборна единица Рио де Жанеиро
Член на Општинската комора
на Рио де Жанеиро
На должноста
1 јануари 1989 – 1 февруари 1991
Лични податоци
Роден(а) 21 март 1955(1955-03-21)(69 г.)
Глисерио, Саун Пауло, Бразил
Партија независен (од 2019 г.)
Сопружник Мишел Рејналдо Болсонаро (в. 2007)
Образование Воена академија Агуљас Неграс
Потпис
Портал bolsonaro.com.br
Воена служба
Припадност  Бразил
Род Бразилска армија
Траење 1973–1988
Чин Капетан

Болсонаро е гласен противник на истополовите бракови и хомосексуалноста, абортусот, афирмативната акција, либерализацијата на дрогата и секуларизмот.[1][2][3][4][5] Во надворешната политика на Бразил се залага за поблиски односи со САД и Израел.[6][7] За време на претседателската кампања во 2018 година, тој почнал да се залага и за економско либерални и пазарни политики.[8] Како контроверзен политичар, неговите ставови и коментари, кои често се опишани како крајно десничарски и популистички по природа, привлекуваат и пофалби и критики во Бразил.[9][10][11][12]

Животопис

уреди

Болсонаро е роден во гратчето Глисерио, во сојузната држава Саун Пауло. Дипломирал на Воената академија Агуљас Неграс во 1977 година и служел во теренско-артилериски и падобрански единици на бразилската армија. Ѝ станал познат на јавноста во 1986 година кога во интервју за магазинот „Veja“ ги искритикувал ниските плати за воените офицери, по што бил уапсен и останал во притвор петнаесет дена. Една година подоцна истото списание го обвинило дека планира да постави бомби во воени единици, обвинувања кои Болсонаро ги негирал. По првостепено обвинување, Жаир бил ослободен од Врховниот воен суд на Бразил во 1988 година.[13]

Истата година се префрлил во армиските резервисти со чин капетан и влегол во политиката, кандидирајќи се за член на Општинската комора на Рио де Жанеиро како припадник на Христијанската демократска партија. Во 1990 година Болсонаро бил избран за член на долниот дом на Конгресот и следствено одново бил избиран на истата функција во шест мандати. За време на неговото 27-годишно членување во бразилскиот Конгрес, тој станал познат по силната поддршка кон националниот конзервативизам.

Претседател на Бразил

уреди

Болсонаро ја соопштил својата намера да се кандидира за претседател во март 2016 година како член на Социјалната христијанска партија.[14] Сепак, тој ја напуштил партијата во 2018 година и ѝ се приклучил на Социјално-либералната партија, по што ја започнал својата претседателска кампања во август истата година, заедно со пензионираниот генерал Хамилтон Моуран кој со победата на Болсонаро станал потпретседател на државата.

За време на претседателската кампања, Болсонаро бил прободен со нож во стомакот на 6 септември 2018 година додека имал интеракција со свои поддржувачи во градот Жуиз де Фора во Минас Жераис. На крајот на месецот Жаир бил пуштен од болница и се вратил во неговиот дом во Рио. Сепак, неговата здравствена состојба влијаела на неговото учество во кампањата. По излегувањето од болница, се случиле неколку протести за и против Болсонаро и неговите политички гледишта. Неговите противници се обединиле под геслото „Не тој“ (Ele Não) кое прераснало во движење со претежно феминистички гледишта.[15][16]

Претседателствување
Инаугурацијата на Болсонаро
Демонстрации против претседателската кампања на Болсонаро
Болсонаро и Доналд Трамп во Белата куќа

Болсонаро се претставил себеси како аутсајдер и поддржувач на семејните вредности. Успеал да го освои првото место во првиот круг од општите избори кои се одржале на 7 октомври 2018 година, додека на второ место бил кандидатот на Работничкаta партија, Фернандо Хадад. Двајцата кандидати се соочиле во вториот круг на изборите на 28 октомври, на кој Жаир Болсонаро победил со 55,1% од гласовите.

Болсонаро го составил својот кабинет поставувајќи армиски офицери на клучни позиции. Пред да се случи неговата инаугурација, тој изјавил дека ќе ги пополнува позициите во неговата влада врз основа на технички квалификации наместо според идеолошки симпатии. И покрај ова, за време на неговото претседателство, многу од функционерите влегувале во идеолошки судири со владата.[17]

Болсонаро се фокусирал на внатрешната политика во првите месеци од стапувањето на функцијата, занимавајќи се првенствено со последиците од бразилската економска криза која се случила во 2014 година. Во првата година од неговото претседателство, иако бавно, економијата се опоравила, додека стапката на криминал почнала нагло да опаѓа.[18][19] Повеќе скандали ги одбележале првите години на неговата администрација. Во 2019 година, Болсонаро ја напуштил партијата со која дошол на власт поради конфронтација со другите членови, и следствено формирал своја политичка организација. За време на неговото претседателство, тој ја одвратил заштитата на домородните групи во дождовните шуми на Амазонија.[20][21]

Одговорот на Болсонаро на пандемијата на COVID-19 во Бразил бил критикуван низ целиот политички спектар. Тој пробал да ја минимизира пандемијата и нејзините последици, се спротивставил на мерките за карантин и отпуштил двајца медицински квалификувани министри за здравство, додека бројот на смртни случаи во Бразил рапидно се зголемил.[22] Како резултат на овие политики, јавното мислење, кое било поволно за него во текот на неговата прва година на претседателската функција, станало негативно во текот на 2020 година.[23]

Наводи

уреди
  1. „Bolsonaro: após união gay, próximo passo é legalizar pedofilia“. Noticias.terra.com.br. Посетено на 7 September 2018.
  2. LGBTQ Brazilians on edge after self-described 'homophobic' lawmaker elected president, NBC News
  3. „Bolsonaro, em Porto Alegre, confirma ser contra o aborto e a favor da redução da maioridade penal – Jornal O Sul“. Osul.com.br. 21 August 2015. Посетено на 7 September 2018.
  4. „Para ministra da Igualdade Racial, declarações de Bolsonaro são caso explícito de racismo“. Política. Посетено на 7 September 2018.
  5. „Jair Bolsonaro: "Sou preconceituoso, com muito orgulho". revistaepoca.globo.com. Архивирано од изворникот на 2018-04-12. Посетено на 7 September 2018.
  6. Wierson, Arick (7 October 2018). „Will Brazil's Jair Bolsonaro Become Trump's New Best Friend?“. The Observer. Посетено на 11 October 2018.
  7. Staff (6 October 2018). „Brazil's Workers' Party likens pro-Israel presidential front-runner to Hitler“. The Times of Israel. Посетено на 11 October 2018.
  8. „Bolsonaro diz que é liberal e adota discurso que agrada investidores - 09/10/2017 - Poder“. Folha de S.Paulo. Посетено на 7 December 2018.
  9. Brooke, James (1993-07-25). „Conversations/Jair Bolsonaro; A Soldier Turned Politician Wants To Give Brazil Back to Army Rule“. The New York Times. Посетено на 7 September 2018.
  10. Editorial Board (8 October 2018). „Brazilian Swamp Drainer“. Wall Street Journal. Посетено на 11 October 2018.
  11. „O inquietante 'fenômeno Bolsonaro'. brasil.elpais.com (португалски). 2014-10-07. Посетено на 18 June 2017.
  12. „Brazil's congress starts to reform itself“. The Economist. 14 October 2017.
  13. Carvalho, Luiz Maklouf (1 April 2018). „O julgamento que tirou Bolsonaro do anonimato“. O Estado de São Paulo (португалски). Посетено на 8 October 2018.
  14. „Jair Bolsonaro é apresentado como pré-candidato à Presidência da República“. Extra, Globo (португалски). Посетено на 8 October 2018.
  15. „Thousands protest leading far-right presidential candidate in Brazil“. Global News. 2018-09-29. Посетено на 30 September 2018.
  16. „Manifestações a favor de Bolsonaro ocorrem em 16 estados“. G1. Посетено на 30 September 2018.
  17. „As principais baixas do governo Bolsonaro“. DW.com.br (португалски). Посетено на 8 July 2020.
  18. „Slow economic recovery and China to be discussed at 2020 Brazilian Prospects Seminar“. FVG.br (англиски). 5 March 2019. Посетено на 8 July 2020.
  19. „No primeiro ano do governo Bolsonaro, estados garantem queda na criminalidade“. FVG.br (португалски). 5 March 2019. Посетено на 8 July 2020.
  20. „Brazil's new president makes it harder to define indigenous lands“. Global News. January 2, 2019.
  21. „Who is Jair Bolsonaro, the man likely to be Brazil's next president?“. The Washington Post. 28 October 2018.
  22. „Coronavirus: How pandemic turned political in Brazil“. BBC (англиски). Посетено на 8 July 2020.
  23. „Brazil president's approval rating among worst since return to democracy: poll“. Reuters.com (англиски). Посетено на 8 July 2020.