Брег на Ингрид Кристенсен

брег на Антарктикот

Брег на Ингрид Кристенсен (норвешки: Ingrid Christensen Kyst; англиски: Ingrid Christensen Coast) — дел од Антарктикот, помеѓу Џенингсовиот ’Рт (72°33′ ИГШ), и западниот крај на Западната Ледена Плоча (81°24′ ИГШ). Се наоѓа помеѓу западната половина на Земјата на Принцезата Елизабета, веднаш на исток од Ејмериевата Ледена Плоча.

БИК во рамките на Антарктик
БИК
Местоположба на брегот

Истражување

уреди

Брегот е откриен од Клариус Микелсен, капетан на бродот „Торсхавн“ во сопственост на норвешкиот китоловен магнат Ларс Кристенсен. Бродот впловил кај Вестфолските Ридови на 20 февруари 1935 г. Наречен е по неговата сопруга Ингрид Кристенсен, која пловела по антарктичките води заедно со сопругот и била една од првите жени што го посетила Антарктикот. Југозападниот дел на овој брег е откриен и фотографиран од воздух во март 1947 г. од Американската воена морнарица како дел од операцијата „Скок во височина“.[1]

Наводи

уреди
  1. „Ingrid Christensen Coast“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. Посетено на 8 јули 2012. (англиски)

Извори

уреди

  Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) — документ: „Брег на Ингрид Кристенсен“ (содржини од Информативниот систем за географски имиња). (англиски)

Надворешни врски

уреди

69°30′S 77°0′E / 69.500° ЈГШ; 77.000° ИГД / -69.500; 77.000