Вагаршапат

(Пренасочено од Ечмиаџин)

Вагаршапат (ерменски: Վաղարշապատ), од 1945 до 1995 г. Ечмијаѕин (Էջմիածին) — град во Ерменија. Овој град е најсветиот град во Ерменската апостолска црква и седиште на католиксот на црквата. Градот се наоѓа во покраината Армавир, на околу 20 километри западно од Ереван. Според пописот од 2008 година, градот има 52.757 жители.

Вагаршапат
Վաղարշապատ
светско наследство на УНЕСКО
The cathedral (480, 618)
The cathedral (480, 618)
Критериумii, iii
Навод1011
Запис2000 (24th заседание)

Градот бил основан во IV век п.н.е. под името Вардкевсан. Во II век градот станал престолнина на Ерменија. Најважната и најпозната зграда во градот е Вааршпатската катедрала, која е и најстара на светот. Објектот бил изграден во 301 година, во време кога Ерменија била единствената држава во светот која го имала прифатена христијанството како религија. Во периодот од 480 до 618 година била на повеќепати доградувана и реновирана.

Катедралата официјално од 2000 година била вклучена во списокот на УНЕСКО.