Еци

природна мумија на човек кој живеел околу 3300 г. п.н.е.

Еци е природна мумија на човек кој живеел помеѓу 3350 и 3105 г. п.н.е. Останките на Еци биле откриени на 19 септември 1991, на Ецталските Алпи (од каде доаѓа името "Еци", German: [œtsi]) на австриско-италијанската граница. Тој е најстарата природна човечка мумија во Европа, која нуди невиден поглед на животот во Европа во бакарното време.

Reconstruction of Ötzi mummy displayed in Prehistory Museum of Quinson
Реконструкција на Еци
Роден(а)ок. 3275 BC
Починал(а)ок. 3230 BC (на возраст од околу 45 г.)
Ецталски Алпи
Висина1.6 м (5 ст 3 ин)
Страница
South Tyrol Museum of Archaeology

Поради присуството на рана од стрела во левото рамо и други рани, истражувачите веруваат дека Еци бил убиен од друго лице. Природата на неговиот живот и околностите на неговата смрт се предмет на многу истражувања и шпекулации. Неговите останки се изложени во Јужнотиролскиот археолошки музеј во Болцано, Јужен Тирол, Италија.