Ефтим Манев (политичар)

Ова е статија за политичарот. За писателот видете Ефтим Манев

Ефтим Манев (Сулдурци, Радовишко, 1942) — македонски политичар, правник и поранешен пратеник во македонското Собрание[1].

Ефтим Манев
Роден 1942
Сулдурци, Царство Бугарија

Животопис

уреди

Манев е роден во село Сулдурци, Радовишко. Завршил Правен факултет во Скопје. Работел како општински јавен обвинител во Општинското јавно обвинителство - Радовиш, каде и живее[1]. Бил член на Македонскиот Парламент во првиот парламентарен мандат од 1991 до 1994 година како независен пратеник[2] и во составот од 2002 до 2006 како член на ВМРО-ДПМНЕ[3].

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Ефтим Манев“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2010-03-21.
  2. „Независни пратеници“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 21 март 2010.
  3. „ВМРО-Демократска партија за македонско национално единство 2002 - 2006“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 21 март 2010.