Есперова шах-табла
Есперова шах-табла | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Lepidoptera |
Семејство: | Шаренци |
Род: | Melanargia |
Вид: | M. russiae |
Научен назив | |
Melanargia russiae (Esper, 1783) | |
Синоними | |
|
Есперова шах-табла (Melanargia russiae) е пеперуга од видот на шарени пеперуги.[1] Пеперугата живее во Јужна Европа (вклучително и Македонија), на Кавказот и до западен Сибир.
Опис
уредиМажјакот има распон на крилја од 26 до 30 мм. Горната страна на пеперугата во основата е темнокафена, која кон рабовите на крилјата преминува кон светлокафена. Во средината на крилјата има големи бели шари, кои кон краевите се намалуваат во обем. Долната страна на крилјата се посветли, со бледожолтеникави дамки.[2] Возрасните единки летаат од јуни до август, на претежно карпести предели. Овој вид на пеперуги имаат една генерација годишно. Ларвите се хранат со растенијата Brachypodium, Poa, Stipa pennata и Aegilops geniculata. Презимува во вид на ларва.
Подвидови
уреди- Melanargia russiae russiae
- Melanargia russiae caucasiaca Nordmann, 1851 (Кавказ)
- Melanargia russiae transcaspica Staudinger, 1901 (Kopet-Dagh)
- Melanargia japygia (Cyrillo, 1787) (Италија, Шпанија)
-
Melanargia russiae japygia ♂
-
Melanargia russiae japygia ♂ △
-
Melanargia russiae japygia ♀
-
Melanargia russiae japygia ♀ △
Наводи
уреди- ↑ "Melanargia Meigen, 1828" at Markku Savela's Lepidoptera and Some Other Life Forms
- ↑ Seitz. A. in Seitz, A. ed. Band 1: Abt. 1, Die Großschmetterlinge des palaearktischen Faunengebietes, Die palaearktischen Tagfalter, 1909, 379 Seiten, mit 89 kolorierten Tafeln (3470 Figuren)Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.