Ероика (филм од 1958)
Ероика (полски: Eroica) - полски омнибус-филм од 1958 година, во режија на Анджеј Мунк (Andrzej Munk), кој е соавтор на сценариото, заедно со Јежи Стефан Ставински (Jerzy Stefan Stawinski). Главните улоги ги играат: Едвард Ѓевонски (Edward Dziewonski), Барбара Поломска (Barbara Polomska), Игнаци Маховски (Ignacy Machowski) итн. Во 1959 година, на Филмскиот фестивал во Мар дел Плата, Мунк ја освоил наградата FIPRESCI.[1]
Содржина
уредиФилмот раскажува две неповрзани приказни кои се занимаваат со темата на полското воено херојство и со улогата на јунаците во текот на Втората светска војна. Првата приказна е насловена Scherzo Alla Pollacca и се случува за време на Варшавското востание. Во неа е прикажан ликот на Џиџиус (го игра Џевонски) како кукавица и пијаница кој против својата волја пристапува во Земската армија. Тој добива задача да ги убеди унгарските војници да им се приклучат на востаниците. Втората приказна е наречена „Ostinato – lugubre“ и се одвива во германски заробенички логор каде полскиот офицер Завистовски (го игра Ломницки) исчезнува, создавајќи ја легендата дека успеал да избега. Третиот дел, насловен Con bravura се занимава со куририте кои преку Татрите ги пренесувале пораките на движењето на отпорот. Тој бил замислен како завршен дел на овој омнибус, но Мунк го исфрлил од финалната верзизја на филмот. Овој дел бил прикажан самостојно на полската телевизија дури во 1972 година.[1]
Во 1993. година бил снимен полскиот филм „Страшниот сон на Џиџиус Горкјевич“ (Straszny sen Dzidziusia Górkiewicza) кој ги прикажува случките на Џиџиус во посткомунистичката Полска.
Улоги
уреди- Edward Dziewoński - Dzidziuś
- Tadeusz Łomnicki - поручник Zawistowski
- Barbara Połomska - Zosia
- Ignacy Machowski - мајор на Земската армија
- Leon Niemczyk - унгарски офицер
- Kazimierz Opaliński - заповедник на Земската армија
- Kazimierz Rudzki - поручник Turek
- Henryk Bąk - поручник Krygier
- Roman Kłosowski - Szpakowski
- Bogumił Kobiela - поручник Dąbecki
- Stanisław Bareja - војник на Земската армија
- Witold Pyrkosz - Kardas
- Wojciech Siemion - поручник Marianek