Ернст фон Ине
германски архитект
Ернст Еберхард фон Ине (германски: Ernst Eberhard von Ihne; 23 мај 1848 – 21 април 1917) — германски истористички архитект. Роден е во Елберфелд (денес во состав на Вупертал). Бил државен архитект на царот Фридрих III и неговиот наследник Вилхелм II. Меѓу најпознатите негови дела се вбројуваат Кралската пруска библиотека (денес во состав на Берлинската државна библиотека), Новите Коњушници („Нојер Марштал“) и Кајзерфридриховиот музеј (денес „Боде“).[1]
Починал во 1917 г. во Берлин.
Галерија
уреди-
Новиот ловечки дворец Хумелсхајн во Хумелсхајн (1880-85)
-
Дворецот „Кавалера“ во Свјерклањец (1903-1906)
-
Музејот „Боде“ во Берлин (1904)
-
Кралската пруска библиотека во Берлин (1914)
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Hans Reuther (1974) "Ihne, Ernst von ". Нова германска биографија (NDB). 10. Berlin: Duncker & Humblot. стр. 128 et seq..
- Oliver Sander: Die Rekonstruktion des Architektennachlasses von Ernst v. Ihne (1848–1917). Diss. Humboldt-Universität zu Berlin, 2000.
Надворешни врски
уреди„Ернст фон Ине“ на Ризницата ? |
- Ернст фон Ине — ULAN (англиски)
- Ernst von Ihne — Deutsche Biographie (германски)
- Ернст фон Ине Архивирано на 26 април 2012 г. — Historismus.Net (германски)