Ернани (целосен наслов: Hernani, ou l'Honneur Castillan ) е драма во римувани александрини од францускиот писател Виктор Иго.

Ернани
Публиката се тепа меѓу себе на премиерата
АвторВиктор Иго
Изворен насловHernani
ou l'Honneur Castillan
ЗемјаФранција
ЈазикФранцуски
ЖанрДрама
Издадена
1830
„Тепачката на премиерата на Ернани“
Сара Бернар како Доња Сол (1877)

Ернани, е град во Јужна Баскија, каде што мајката на Иго со своите три деца застанала по патот кон местото на живеење на Генералот Хуго.[1]

Претставата е премиерно изведена на 25 февруари 1830 г. од Комеди Франсез во Париз.[2] Денес, повеќе се памети по демонстрациите по првата изведба и по тоа што е инспирација за операта „Ернани“ од Џузепе Верди, отколку по сопствените заслуги. На Иго му помогнале колегите романтичари како Хектор Берлиоз и Теофил Готје[3] во борбата против противењето на класичарите кои во драмата увиделе директен напад на нивните вредности.

Ернани е искористена за да се опише на величината и елегантноста на маскарадата од принцот Просперо во расказот на Едгар Алан ПоМаската на црвената смрт“. Жилнорман во „Клетнициго критикува Ернани.[4]

Операта од Верди „Ернани“, со италијанско либрето од Франческо Мариа Пиаве, е заснована на оваа драма, а премиерно е изведена во Венеција во 1844 година.

Содржина

уреди

Дејствието се одвива во измислена верзија на шпанскиот двор во 1519 г. Тројца мажи - двајца благородници и непознат разбојник - се заљубени во иста жена.

Чин I

уреди

Во првата сцена Дон Карлос, кралот на Шпанија (подоцна ќе стане император - Карло V) се прикрадува во спалната соба на Доња Сол. Ја тера слугинката да му помогне да го сокрие во собата. Веднаш потоа, влегува Доња Сол за да си го пречека љубовникот Ернани. Ернани и Сол разговараат - Доња Сол е принудувана да се омажи за нејзиниот повозрасен вујко, а Ернани е бандит чиј татко бил погубен од претходниот крал. Ернани и Доња Сол коваат план заедно да побегнат, но Дон Карлос излегува од плакарот за да ги спречи. Следи двобој со мечеви, кој е прекинат од вујкото (свршеникот) на Сол, Дон Руи Гомес де Силва. Ги прашува и двајцата зошто се во приватната соба на Сол. Дон Карлос се претставува и тврди дека дошол за да се сретне со Руи Гомес за да разговара за неодамнешната смрт на Царот Максимилијан, и дека Ернани му е придружба. По ова, дозволено им е да си заминат.

Чин II

уреди

Откако Дон Карлос ќе ги чуе плановите за бегство на Сол и Ернани, со своите пријатели се појавува на закажаниот состанок, со надеж дека ќе ја заведе Сол. Доња Сол го препознава и го одбива. Бесен, Дон Карлос сака да ја киднапира. Додека Дон Карлос и Доња Сол се борат за една кама, пристигнува Ернани придружуван со шеесет луѓе кои ги надвладуваат тројцата пријатели на кралот. Му кажува на кралот дека го мрази поради смртта на татко му и го предизвикува Дон Карлос на двобој. Сега, кралот сфаќа дека Ернани е бандит, и го одбива двобојот (бидејќи само благородници можат да имаат двобој), но му вика на Ернани да го убие. Ернани смета дека не е чесно да се нападне човек кој нема да се брани. Кралот бега и ги праќа своите луѓе да го уапсат Ернани со дружината крадци. Откако ќе се збогува со Доња Сол Ернани бега.

Чин III

уреди

Доња Сол и Руи Гомес се спремаат за венчавката и до нив допира веста целата дружина на Ернани е убиена. Ернани маскиран влегува во куќата, а Руи Гомес го пречекува како гостин. Ернани му се претставува и се труди да ги испровоцира слугите и да го уапсат, но Руи Гомес сепак сака да го заштити. Ернани ѝ се лути на Доња Сол зошто се согласиса да се омажи за Руи, а таа му вика дека планира да се самоубие на свадбената ноќ. Ернани се премислува и тера да го прифати бракот. Руи Гомес е згрозен кога ќе дознае за врската меѓу Сол и Ернани, сметајќи го тоа како презир кон неговото гостопримство, но сепак продолжува да го штити Ернани. Доаѓа кралот за да го уапси Ернани, но Руи Гомес одбива да го предаде, цитирајќи ги законите за гости, кои, како што тврди, ги штитат неговите гости дури и од кралот. Кралот му се заканува на Руи Гомес, а Доња Сол го брани. Кралот му простува на Руи Гомес, но ја киднапира Доња Сол. Сам, Руи Гомес го ослободува Ернани, прво со намера да го пребие до смрт; но кога Ернани ќе дознае дека Доња Сол е киднапирана, инсистира да оди да ја спаси и ветува дека потоа ќе му се предаде на Руј Гомес. Ернани како залог за своето ветување му дава на Руи Гомес рог за да дувне во него кога тој мисли дека Ернани треба да умре.

Чин IV

уреди

По два месеци, во јуни 1519 година, во Ахен (главен град на Светото Римско Царство), Дон Карлос ги чека резултатите од империјалните избори; спречува заговор, а меѓу заговорниците се Дон Руи Гомес и Ернани. Ернани кој требало да го убие кралот, одбива наместо него тоа да го направи Дон Руи Гомес, кој пак бара да се поништи договорот. Дон Карлос е избран за император. Ги помилува заговорниците и го објавува бракот на Доња Сол со Ернани. Ернани го открива својот вистински идентитет: тој е Јован од Арагон, благородник роден во егзил; и сега нема намера за одмазда.

Чин V

уреди

Сол и Ернани се венчани, и додека уживаат во свадбената гозба, Ернани го слуша звукот на рогот од Руи Гомес. Ернани сака да испие отров, а Доња Сол се обидува да го убеди дека тој е нејзин и дека не мора да го слуша вујко ѝ. Но не може да го убеди. Доња Сол, во шок од одлуката на Ернани да се самоубие, пие половина од отровот. Ернани ја пие другата половина и умираат во прегратка. Руи Гомес де Силва се самоубива.

Ликови

уреди
Улога Опис
Ернани Син на неодамна убиен крал, вљубен во Доња Сол.
Дона Сол де Силва Вљубена во Ернани, но свршена со Гомес.
Дон Карлос Кралот на Шпанија, исто така вљубен во Доња Сол.
Дон Руи Гомес де Силва Војводата од Пастрана, вујко на Доња Сол и нејзин вереник.

Дон Карлос е измислена верзија на вистинскиот крал Карлос I, подоцна ќе стане цар на Светото Римско Царство - Карло V. Дон Руи Гомес де Силва, војводата од Пастрана, името го добил по вистински војвода со тоа име, но измислениот лик во 1519 година е старец, а вистинскиот де Силва бил тогаш цицалче. Името на Ернани доаѓа од баскиски град каде што еднаш Иго престојувал.[5]

  • Истон, Малколм. Уметници и писатели во Париз: Боемската идеја, 1803–1867 година. Њујорк: Сент Мартин Прес, 1964 година
  • Garreau, Joseph E. (1984). „Иго, Виктор“, кн. 2, стр. 528–532, во McGraw-Hill Encyclopedia of World Drama, уредена од Стенли Хохман. Њујорк: МекГро-Хил.ISBN 9780070791695ISBN 9780070791695 .
  • Houston, John Porter (1974). Victor Hugo. New York: Twayne Publishers.
  • Хјустон, Џон Портер (1974). Виктор Иго, ревидирано издание . Њујорк: Twayne Publishers. 1988 година
  • Милер, Ричард. Бохемија; Протокултурата некогаш и сега. Чикаго: Нелсон-Хол, 1977 година.
  • Портер, Лоренс М.. Виктор Иго . Ед. Дејвид О'Конел. Њујорк: Twayne Publishers, 1999 година.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Escholier, Raymond, Victor Hugo raconté par ceux qui l'ont vu, Librairie Stock, 1931, p. 8.
  2. Garreau 1984, p. 532.
  3. Today in Literature: Hugo, Hernani, Hero
  4. Victor Hugo: Les Misérables – From Page to Stage
  5. Gillespie, Gerald Ernest Paul (1994). Romantic Drama. ISBN 9027234418.