Архитрав

(Пренасочено од Епистил)

Архитравот (исто така епистил) е надвратник или греда која лежи на капителите на столбовите. Како таков, тој го сочинува најдолниот дел на первазот кој се состои од архитрав, фриз и корниз. Зборот доаѓа од грчкиот збор арке и латинскот збор трабс, кој заедно значат „главна потпорна греда“.

Пример за архитрав (епистил) кај Јонскиот ред

Архитравот е различен кај различните редови. Кај Тосканскиот, тој е прост и рамен со еден пласт врз него, и е висок половина модул. Кај Дорскиот и Сложениот, тој има два лика или фасции; и три кај Јонскиот и Коринтскиот ред, каде е висок 1012модул, а само половина модул кај останатите.

Зборот архитрав исто така се користи за ѕидните декорации (или другите елементи) кај врамувањето на врати, прозорци или други квадратни отвори. Видете архиволт исто така.

Поврзано

уреди