Епирско востание (1854)

Епирското востание од 1854 година било едно од најважните кои се случиле во Епир против Османлиското Царство. Востанието избувнало непосредно по започнувањето на Кримската војна кога голем број на епирски Грци со поддршка од новоформираната грчка држава започнале револт против османлиската власт.

Епирско востание

Епир на картата на денешна Грција
Датум 1854
Место Отомански Епир
Исход Задушување на востаниетп
Завојувани страни
Османлиско Царство
Османлиско Царство
Грција
Грчки револуционери
Команданти и водачи
непознато Теодорос Гривас
Николас Зервас

Заднина

уреди

Кога започнала Кримската војна, голем дел од Грците чувствувале дека ја добиле можноста за ослободување на Епир, каде голем дел од населението било со грчко потекло. Грчката војна за независност сè уште била свежа во нивните умови, како и руската интервенција која помогнала за создавање на Грција. Иако официјално Грција се воздржила под британски и француски притисок како сојузници на Османлиите во Кримската војна, сепак властите организирале голем број на востанија во Епир, Тесалија и Крит.

Востание

уреди

На 30 јануари 1854 година, Спиридон Караискакис дал голем број на говори во селата источно од Арта обидувајќи се да го мотивира грчкото население за да се вклучат кон отпорот. Првата цел на востанието била главниот град на покраината Арта која била заземена од 2,500 војници[1]. Во меѓувреме грчкиот генерал Теодорос Гривас со 300 војници зазел две села, а востанието се проширило и во планинските региони[2].[3][4]. Во исто време кон востанието се приклучиле и неколку грчки офицери кои претходно дале оставка од своите позиции во Грција.

Османлиите возвратиле со со околу 5,000 војници успевајќи повторно да ја вратат контролата над Арта. По овој успех следувал напад на седиштето на грчките востаници источно од Арта, каде по големи борби востаниците се повлекле кон Грција. Османлиските сили ги елиминирале сите востаници околу Јанина[5]. Ситуацијата започнала да се влошува кога османлиските сили добиле засилување[6], а британските и француските сили го блокирале пристаништето Пиреја, правејќи директен притисок кон грчката влада за повлекување на своите офицери.

На 12 мај револтот бил официјално задушен по повлекувањето на Грците, а по ова следувале грабежи низ голем дел од селата од страна на османлиските и албанските сили.

Наводи

уреди
  1. Reid 2000: 249
  2. Hammond, Nicholas (1976). Migrations and invasions in Greece and adjacent areas. Noyes Press. стр. 41. ISBN 0-8155-5047-2.
  3. Sakellariou 1997: 290
  4. Ruches 1967: 73
  5. Sakellariou 1997: 288
  6. Sakellariou 1997: 289-290

Литература

уреди