Енеј (син на Портаон)

Енеј (грчки: Οἰνεύς) – калидонски крал, син и наследник на кралот Портаон.

Енеј

Митологија

уреди

Во митовите Енеј најмногу се спомнува заради своите потомци, а и заради еден свој пропуст. Тој се женел двапати и со двете жени имал деца. Со Алтеја, првата жена, го имал синот Мелеагар, кој бил водач на ловот на калидонскиот вепар и ќерката Дејанира, втората жена на Херакле, најголемиот јунак на античките митови. Со втората жена, Перибоја го имал синот Тидеј, еден од водачите на несреќниот поход „седуммина против Теба“.

Енеј при принесувањето жртви на боговите, како благодарност за успешната жетва, ја заборавил божицата Артемида. Увредена Артемида во Калидон пратила џиновски вепар кој уништувал сè пред себе и бил толку опасен и силен што морале да се здружат најдобрите ловци од цела Грција за да го убијат. Таа случка е позната како „поход на калидонскиот вепар“.[1]

Наводи

уреди
  1. Цермановић-Кузмановић, А. & Срејовић, Д. 1992. Лексикон религија и митова. Савремена администрација. Београд.