Енергетика на Грција

Во производството на енергија во Грција доминира Државната енергетска корпорација (позната под акронимот ΔΕΗ или на англиски јазик DEI). Во 2009 година, ДЕК обезбедила 85,6% од целата побарувачка за електрична енергија во Грција[1], додека овој процент паднал на 77,3% во 2010 година. Речиси половина (48%) од моќноста на ДЕК се генерира користејќи лигнит[1].

Електраната Св. Димитрија
Хеленик Петролеум.

12% од електричната енергија на Грција доаѓа од хидроцентралите[2], а уште 20% од природниот гас[2]. Помеѓу 2009 и 2010 година, производството на енергија на независните компании се зголемило за 56%, од 2.709 гигават часови во 2009 година на 4.232 во 2010 година[1].

Во согласност со Директивата на Европската комисија за обновлива енергија, Грција има за цел да добие 18% од вкупната енергија од обновливи извори до 2020 година[3]. Во 2015 година, според независниот оператор за пренос на енергија во Грција (ΑΔΜΗΕ), повеќе од 20% од електричната енергија во Грција е произведена од обновливи извори на енергија и хидроелектрични централи. Овој процент во април достигнал 50%[4]. Истиот тренд бил случај и за 2016 година[5].

Придонесот во бруто финалната потрошувачка на електрична енергија изнесувала 24,5% во 2016 година[6], додека хидроелектричната енергија претставувала околу 25% со инсталиран капацитет. Според грчкиот оператор на пазарот на електрична енергија (LAGIE), вкупниот инсталиран капацитет во грчкиот меѓусебно поврзан систем на крајот на 2016 година изнесувал речиси 16.615 мегавати, вклучувајќи 3,912 мегавати лигнит, 4.658 мегавати природен гас, 3.173 мегавати голема хидроцентрала и 4.873 мегавати обновливи извори на енергија[6].

Грција во моментов нема никакви атомски централи во функција, но во 2009 година Академијата во Атина предложиla да се започне истражување за можноста развој на грчките атомски централи[7].

Енергија во Грција[8]
Capita Дом. енергија Производство Увоз Електрична енергија CO2-емисија
Милиони TWh TWh TWh TWh Mt
2004 11.06 354 120 284 57.0 93.9
2007 11.19 374 141 284 63.0 97.8
2008 11.24 354 115 293 64.3 93.4
2009 11.28 342 117 258 62.5 90.2
2012 11.31 311 112 228 59.8 83.6
2012R 11.09 309 121 226 61.1 77.5
2013 11.03 272 108 188 55.1 68.9
2004-09 2.0% -3.4% -2.0% -9.1% 9.8% -3.9%
Mtoe = 11.63 TWh . Дом. енергија вклучува енергетски загуби

2012R = CO2 критериумите за пресметка се промениле, ажурирани се податоците

Фосилно гориво

уреди

Нафта и гас

уреди
 
Нафтна платформа кај Кавала
 
Поглед кон ветерниците на планина Панахаикон.

Грција има 10 милиони барели резерви на нафта од 1 јануари 2011 година[9]. Хеленик Петролеум е најголемата нафтена компанија во земјата, по што следи Мотор Оил Хелас. Грчкото производство на нафта изнесува 7.946 барели дневно[9], додека извозот изнесува 1.863 bbl / d и увезува 496.600 bbl/d[9].

Во 2011 година, грчката влада го одобрила почетокот на експлоатацијата и дупчењето на нафта на три локации во Грција[10], со проценето производство од 250 до 300 милиони барели во текот на следните 15 до 20 години. Проценетиот износ во евра од трите депозити изнесува 25 милијарди евра во период од 15 години, од кои 13 до 14 милијарди евра ќе влезат во државна каса. Спорот на Грција со Турција во Егејското Море претставува значителна пречка за истражување на нафта во Егејското Море.

Освен тоа, Грција исто така ќе започне истражување на нафта и гас на други локации во Јонското Море, како и во Либиското Море, во рамките на грчката ексклузивна економска зона, јужно од Крит[11][12]. Министерството за животна средина, енергија и климатски промени објавило дека има интерес од различни земји (вклучувајќи ги Норвешка и САД) за истражување[12], и првите резултати во врска со количината на нафта и гас на овие локации се очекувале во лето 2012[12].

Голем број нафтоводи и гасоводи се во фаза на изградба или планирани во земјата. Ваквите проекти ги вклучуваат гасоводот Интерконектор Турција-Грција-Италија и гасовод Јужен тек.

Нафтоводот Турција-Грција е 296 километри долг нафтовод, кој ги поврзува турски и грчки гасни мрежи завршени во септември 2007 година.

Јаглен

уреди

Рудникот Мегалополи е голем рудник за јаглен во сопственост на Јавното претпријатие за енергетика на Грција. Најголемиот лигнит и рудник за јаглен во Грција се наоѓаат во областа на Западна Македонија, а особено во Птолемаида.

Ветер

уреди
ЕУ и Грција - капацитет за ветерна енергија(MW)[13][14]
Земја 2017 2016 2015 2014 2013 2012 2011 2010 2009 2008 2007 2006 2005 2004 2003 2002 2001 2000 1999 1998
ЕУ 168,729 153,730 141,726 129,060 117,383 105,696 93,957 84,074 74,767 64,712 56,517 48,069 40,511 34,383 28,599 23,159 17,315 12,887 9,678 6,453
Грција 2,651 2,374 2,135 1,980 1,865 1,749 1,629 1,208 1,087 985 871 746 573 473 383 297 272 189 112 39

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Public Power Corporation S.A. Financial Report (January 1, 2010 - December 31, 2010)“ (PDF). Public Power Corporation of Greece. 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-09-27. Посетено на 24 October 2011.
  2. 2,0 2,1 „Energy“. Invest in Greece Agency. Архивирано од изворникот на 2011-08-20. Посетено на 26 October 2011.
  3. „Renewable energy >> Targets by 2020“. Eurostat. Посетено на 24 October 2011.
  4. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-01-26. Посетено на 2019-04-01.
  5. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-07-26. Посетено на 2019-04-01.
  6. 6,0 6,1 „Greece Energy Situation“. energypedia.info/. energypedia. Посетено на 2 May 2018.
  7. „Πορίσματα της Ομάδας Εργασίας της Επιτροπής Ενέργειας της Ακαδημίας Αθηνών επί του θέματος "Πυρηνική Ενέργεια και Ενεργειακές Ανάγκες της Ελλάδος" (PDF). Academy of Athens. Архивирано од изворникот (PDF) на 22 November 2011. Посетено на 24 October 2011.
  8. IEA Key World Energy Statistics Statistics 2015 Архивирано на 4 март 2016 г., 2014 (2012R as in November 2015 Архивирано на 5 април 2015 г. + 2012 as in March 2014 is comparable to previous years statistical calculation criteria, 2013 Архивирано на 2 септември 2014 г., 2012 Архивирано на 9 март 2013 г., 2011 Архивирано на 27 октомври 2011 г., 2010 Архивирано на 9 август 2017 г., 2009 Архивирано на 7 октомври 2013 г., 2006 Архивирано на 12 октомври 2009 г. IEA October, crude oil p.11, coal p. 13 gas p. 15
  9. 9,0 9,1 9,2 „The World Factbook – Greece“. CIA. Архивирано од изворникот на 2016-08-25. Посетено на 18 October 2011.
  10. „Green Light for Hydrocarbon Exploration“. Invest in Greece Agency. Посетено на 26 October 2011.
  11. „Μέσα στην άνοιξη οι σεισμικές έρευνες σε Ιόνιο και Ν. Κρήτη για υδρογονάνθρακες“ [(Oil and gas) exploration in the Ionian Sea and Crete to start this spring]. Skai TV. Посетено на 6 March 2012.
  12. 12,0 12,1 12,2 „Ενδιαφέρον ξένων εταιρειών για υδρογονάνθρακες σε Ιόνιο – Κρήτη“ [Interest from foreign companies for hydrocarbon exploration in the Ionian Sea and Crete]. Skai TV. Посетено на 6 March 2012.
  13. EWEA Staff (2010). „Cumulative installed capacity per EU Member State 1998 - 2009 (MW)“. European Wind Energy Association. Посетено на 2010-05-22.
  14. EWEA Staff. „European statistics archive“. European Wind Energy Association. Посетено на 2017-06-03.

Надворешни врски

уреди