Ендорфин
Ендорфин — вид невротрансмитер.
Опис
уредиЕндорфинот се создава во нервните клетки и ги пренесува информациите од една до друга нервна клетка. Според некои процени, ендрфинот е од 50 до 100 пати појак од опиумот. Тој не се излачува константно во организмот, туку се создава во состојби кои се болни, стресни или многу пријатни. На пример, при јадење лути пиперки, се создава големо количество ендорфин за да се намали лутината што се чувствува во устата и во желудникот. Ендорфинот не е поврзан со чувството на задоволство, а за да го има постојано во организмот би требало човекот да прави нешто што е многу пријатно или нешто што е многу непријатно. На пример, со постојано долготрајно вежбање (на пример, по 4 часа дневно) може да се зголеми нивото на ендорфин, но притоа вежбањето треба да биде напорно, до границата на болката.[1]
Функции
уредиЕндорфинот делува слично на опијатите - морфиум, опиум или хероин. Тој ја намалува болката и предизвикува чувство коешто е слично на она додека јадеме чоколада, но исто така предизвикува и еуфоричен ефект. Ендорфинот му ја дава силата на организмот во ситуација кога човекот е тешко повреден, така што е многу важен за преживување во опасни ситуации. Исто така, недорфинот е одговорен за задоволството што го чувствуваме кога јадеме слатка храна, на пример, чоколада, при што тој делува веднаш.[1]