Емпиризам

(Пренасочено од Емпирицизам)

Емпиризам (од старогрчки: έμπειρίαискуство) е теорија на знаење која кажува дека знаењето доаѓа само или првенствено од сетилното искуство. Емпиризмот е едно од неколкуте гледишта во епистемологијата (науката за човечкото знаење) заедно со рационализмот, идеализмот и историзмот. За разлика од нив, тој ја поставува улогата на искуството и доказите над мислењето за вродени идеи или традиционални сфаќања во процесот на образување идеи; меѓутоа, според некои емпиристи традицииите (или обичаите) се јавуваат како резултат на претходни сетилни искуства.

Илустрација на епистемолошките промени на „дигиталните хуманитарни науки“: архиви организирани со мрежна визуелизација и анализа. Архив на Лигата на нациите (ОН Женева). Мрежи на интелектуална соработка.

Емпиризмот во филозофијата на науката ги нагласува доказите, особено тие добиени во експериментите. Тој е фундаментален дел на научниот метод: сите хипотези и теории за природниот свет мораат да бидат тестирани, а не спознанието да се основа само на a priori расудување, интуиција или разоткривање.

Философи кои се поврзуваат со емпиризмот се Аристотел, Алхазен, Авицена, Ибн Туфаил, Роберт Гростест, Френсис Бекон, Томас Хобс, Роберт Бојл, Џон Лок, Џорџ Беркли, Херман фон Хелмхолц, Дејвид Хјум, Леополд фон Ранке, Џон Стјуарт Мил и Карл Попер.