Емил Бергстрем

шведски фудбалер

Емил Еверт Бергстрем (19 мај 1993) е шведски фудбалер кој игра за холандскиот клуб Вилем II како позајмен од тимот на Утрехт и игра на позицијата среден бек.[1]

Емил Бергстрем игра за Рубин Казан во 2016

Клупска кариера

уреди
 
Бергстрем играл за тимот на Ѓургарден во 2013.

Бергстрем се преселил во тимот на Ѓургарден од екипата Бромапојкарна како младински играч на петнаесетгодишна возраст бидејќи сакал да игра во поголем клуб. Тој започнал како напаѓач, а потоа се преселил да игра во средниот ред пред крајот на кариерата да го најде своето вистинско место во централниот дел од одбраната. Во 2010 година, тој добивал голема минутажа и многу доверба од тренерот со тимот до 21 година.[2]

На 15 април 2011 година, Бергстрем го одиграл својот прв натпревар во првата шведска лига Алсвенскан против Малме ФФ и тоа како замена.[3] На средината од следната сезона 2012, Бергстрем станал редовен стартен играч на централната одбранбена позиција.[4] На 30 јуни 2013 година, тој го постигнал својот прв лигашки гол кој воедно бил историски зошто бил последен гол за Ѓургарден на стариот стадионот во Стокхолм, пред да се пресели клубот на нивниот нов домашен стадион арената Теле2 Арена.[5]

На 4 февруари 2016 година, Бергстрем потпишал договор со рускиот клуб ФК Рубин Казан.[6]

На 27 јануари 2017 година, тој потпишал договор за позајмица со тимот Грасхоперс кој траел до крајот на сезоната 2017-18.[7]

На 30 јули 2018 година потпишал со холандскиот тим ФК Утрехт.[8]

На 2 септември 2019 година, ФК Базел од Швајцарија објавил дека Бергстрем бил преземен со договор на позајмица до крајот на сезоната.[9] За новиот клуб го одиграл својот прв натпревар на гостински терен во Купот на Швајцарија на 15 септември кога Базел победил со 3:0 против тимот на ФК Мејрин. Првиот натпревар во домашното првенство на Швајцарија бил против тимот на Цирих стадионот Јакоб-Парк на 25 септември кога Базел победил со 4:0.[10] Договорот му истекол на 30 јуни, а клубот објавил дека нема да го продолжи истиот.[11] За десетте месеци колку што бил во клубот, Бергстрем одиграл вкупно 15 натпревари без да постигне гол. Осум од овие натпревари биле во швајцарската Супер лига, еден во Купот на Швајцарија, два во Лигата на Европа на УЕФА и четири биле пријателски.[12]

На 1 јули 2021 година, тој се преселил на позајмица во тимот на Вилем II во Холандија каде игра во моментов.[13]

Меѓународна кариера

уреди

Бергстрем играл за шведската фудбалска репрезентација до 19 години и шведската фудбалска репрезентација до 21 година.[14][15] Во јануари 2015 година го одиграл својот прв натпревар со фудбалската репрезентација на Шведска. Овој натпревар сепак не бил признаен како официјална натпревар на репрезентацијата од страна на ФИФА [16]. Се сметал за ревијален и неважен натпревар.

Приватен живот

уреди

Бергстрем пораснал како поддржувач на тимот на Ѓургарден уште од тригодишна возраст кога неговиот татко почнал да го носи за да ги гледа домашните натпревари.[17] Тој носел заштитник на устата откако му биле скршени забите кога бил дете.[18] Неговиот омилен број на дресот бил оној со број 13.

Статистика во кариерата

уреди

Клупска статистика

уреди
Обновено на 28 февруари 2018[19]
Настапи и голови по клуб, сезона и натпреварување
Клуб Сезона Резултати од различни лиги, одиграни натпреаври и постигнати голови Куп натпревари Други Вкупмо
Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Ѓургарден 2011 година Алсвенскан

Шведска лига

18 0 1 0 0 0 19 0
2012 година 23 1 1 0 0 0 24 1
2013 година 29 2 6 0 0 0 35 2
2014 година 30 2 3 1 0 0 33 3
2015 година 29 2 4 1 0 0 33 3
Вкупно 129 7 15 2 0 0 144 9
Рубин Казан 2015–16 Руската Премиер лига 12 1 0 0 0 0 12 1
2016–17 4 0 1 0 0 0 5 0
Вкупно 16 1 1 0 0 0 17 1
Базел(заем) 2016–17 Швајцарската Супер лига 18 1 0 0 0 0 18 1
2017–18 23 2 5 0 0 0 28 2
Вкупно 41 3 5 0 0 0 46 3
Вкупно во кариерата 186 11 21 2 0 0 207 13

Меѓународени натпревари за Шведска

уреди
Обновено на 11 декември 2016
Репрезентација Година Натпревари Голови
Шведска 2015 година 1 [б 1] 0
2016 година 2 0
Вкупно 3 0

 

Наводи

уреди
  1. „Emil Bergström“. Swedish Football Association. Посетено на 24 November 2013.
  2. „U21 – Emil Bergström“ (шведски). Djurgårdens IF. Архивирано од изворникот на 2 December 2013. Посетено на 24 November 2013.
  3. „Bittert slut mot Malmö“ (шведски). Djurgårdens IF. 15 April 2011. Архивирано од изворникот на 25 April 2011. Посетено на 6 July 2011.
  4. „Vi kan bli farliga till nästa år“ (шведски). Matchdax. Посетено на 24 November 2013.
  5. „Historiskt mål av Bergström“ (шведски). Dagens Nyheter. Посетено на 24 November 2013.
  6. «Рубин» подписал контракт с Эмилем Бергстрёмом (руски). FC Rubin Kazan. 4 February 2016. Архивирано од изворникот на 10 March 2016. Посетено на 4 February 2016.
  7. „PATRICK OLSEN UND EMIL BERGSTRÖM ZU GC“ (германски). Grasshopper Club Zürich. 27 January 2017.
  8. „ZWEEDSE VERDEDIGER EMIL BERGSTRÖM NAAR FC UTRECHT“ (холандски). FC Utrecht. 30 July 2018.
  9. FC Basel 1893. „Emil Bergström leihweise zum FC Basel 1893“. FC Basel homepage. Архивирано од изворникот на 2019-10-09. Посетено на 2020-09-02.
  10. Verein "Basler Fussballarchiv”. „FC Basel - FC Zürich 4:0 (1:0)“. Verein "Basler Fussballarchiv”. Посетено на 2019-09-25.
  11. FC Basel 1893. „Emil Bergström kehrt zum FC Utrecht zurück“. FC Basel homepage. Посетено на 2020-06-29.[мртва врска]
  12. Verein "Basler Fussballarchiv”. „Emil Bergström - FCB-Statistik“. Verein "Basler Fussballarchiv”. Посетено на 2020-06-29.
  13. „Emil, welkom in Tilburg!“ (холандски). Willem II. 1 July 2021. Архивирано од изворникот на 2021-07-03. Посетено на 1 October 2021.
  14. „Blågul representation för Tibbling och Bergström“ (шведски). Djurgårdens IF. Архивирано од изворникот на 2 December 2013. Посетено на 24 November 2013.
  15. „Tibbling och Bergström U21-debuterade“ (шведски). Djurgårdens IF. Архивирано од изворникот на 3 December 2013. Посетено на 24 November 2013.
  16. „Tung svensk förlust mot Finland“ (шведски). Sveriges Radio. Посетено на 26 February 2015.
  17. „Egen produkt ska ge stadga åt Djurgården“ (шведски). Svenska Dagbladet. Посетено на 24 November 2013.
  18. „Spelar allsvenskt och fixar toppbetyg“ (PDF) (шведски). Mitt i Östermalm. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-03. Посетено на 24 November 2013.
  19. Емил Бергстрем на soccerway. Посетено на 2 March 2018.

 Надворешни врски

уреди


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.