Емилија Јаневиќ – Ивановска

Емилија Јаневиќ-Ивановска — проректор[1] за настава на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Своите додипломски студии ги завршила на Фармацевтскиот факултет во Скопје, каде што ја завршила и специјализацијата по фармацевтска технологија. Своите постдипломски студии по биологија/биохемија ги завршила на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На истиот факултет ги завршила и докторските студии, каде што во 2003 година се стекнала со звање доктор по биолошки науки. Покрај ова образование, проф. д-р Јаневиќ-Ивановска завршила и супспецијалистички студии на Институт за јадрени науки „Борис Кидрич - ВИНЧА“ во Белград, Србија, како и Европската школа за радиофармација, INSTN, Saclay, Франција.

Во своето работно искуство, проф. д-р Јаневиќ-Ивановска работела на Институтот за патофизиологија и јадрена медицина на Медицински факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје. Во 2009 година е ангажирана како професор[2] на Факултет за медицински науки, Универзитет „Гоце Делчев“Штип, во наставната област фармација и базична медицина.

Проф. д-р Емилија Јаневиќ-Ивановска има учествувано во повеќе национални проекти финансирани од Министерството за образование и наука на Република Македонија, исто така има реализирано и сѐ уште работи на проекти со Меѓународната агенција за атомска енергија – МААЕ

Наводи

уреди
  1. „Официјално мрежно место на Универзитет „Гоце Делчев" - „Проректори". Архивирано од изворникот на 2013-03-01. Посетено на 2013-07-10.
  2. „Официјално мрежно место на Факултет за медицински науки - „Наставници". Архивирано од изворникот на 2013-06-15. Посетено на 2013-07-10.

Надворешни врски

уреди