Ема Кастелнуово (италијански: Emma Castelnuovo; 12 декември 1913 во Рим13 април 2014 во Рим) — италијанска средношколска наставничка, ќерка на математичарот Гвидо Кастелнуово, чиишто живот бил испреплетен со настани, кои го смениле пристапот кон математичките проблеми во втората половина на дваесеттиот век.[1] Меѓународната комисија за математички инструкции (ИЦМИ) во минатото создала две награди, наградата Феликс Клајн - во чест на животно постигнување и наградата Ханс Фројдентал – за признавање на поголема кумулативна програма во истражувањето. Во 2013 година, за да го прослави својот 100. роденден, ИЦМИ одлучил да додаде и трета награда, наречена Ема Кастелнуово – за да ги признае извонредните достигнувања направени во практиката на математичкото образование.[2]

Ема Кастелнуово
Роден(а)Ема Кастелнуово
12 декември 1913(1913-12-12)
Рим, Италија
Починал(а)13 април 2014(2014-04-13) (возр. 100)
Рим, Италија
НационалностИталијанка
ПолињаМатематика

Животопис

уреди
 
Ема Кастелноуово во соработка со Општинскиот одбор на Комората го изведоа експериментот „Математика на улица“ во недела, 21 мај 2017 година, на улицата Фуенкарал.

Ема Кастелнуово е родена во Рим, на 12 декември 1913 година од мајка Елбина и татко Гвидо Кастелнуово; и нејзиниот татко и нејзиниот чичко Федериго Енрикес биле професори по математика. Во 1908 година, Гвидо бил претседател на четвртиот Меѓународен конгрес на математичари во Рим.

Кастелнуово дипломирала на Универзитетот во Рим во 1936 година, со теза во врска со алгебарска геометрија. По ова работела како библиотекар на истиот универзитет. Таа добила постојана позиција во 1938 година, но поради расистичките закони против Евреите, таа била суспендирана од работа. На почетокот на нејзината кариера, Кастелнуово ја разгледувала можноста за одржување настава во која ќе бидат вклучени и нејзините студенти.

Учебникот „Geometria intuitiva, per le scuole medie inferiori“ (Интуитивна геометрија за пониски средни училишта), првпат објавен во 1948 година, имал различни изданија сè до 1964 година и бил преведен на шпански и на англиски јазик. Тоа ја „лансирало“ Кастелнуово на меѓународно ниво, така што таа била поканета да се приклучи на работни групи и средби.

Кастелнуово била една од двајцата претставници од Италија, кои земале активно учество, во дискусијата за модерната математика. Кастелнуово била призната како меѓународна членка, тогаш кога била назначена за член на ИЦМИ во периодот 1975-1978 година.

Кастелнуово била многу почитувана и брилијантна математичарка. Во нејзините многу години на одржување на настава, таа не само што влијаела врз нејзините студенти, туку и на младите колеги присутни на нејзиниот универзитет. Таа била емотивно вклучена во нејзините предавања и го пренесувала својот ентузијазам и мотивација кон нејзините групи.

Наводи

уреди
  1. Orlando, Lucia (14 April 2014). „Emma Castelnuovo, la matematica per antonomasia“ (италијански). europaquotidiano. Архивирано од изворникот на 2018-08-23. Посетено на 23 August 2018.
  2. „Emma Castelnuovo Award“. International Commission on Mathematical Instruction.