Емајиги
Емајиги (естонски: Emajõgi) — река во Естонија која тече од езерото Виртс низ округот Тарту и завршува во езерото Пејпус (Чудско-Псковското Езеро), минувајќи низ градот Тарту во должина од 10 км. Долга е 100 км. Името на естонски значи „река-мајка“.
Емајиги Emajõgi | |
Емајиги во Тарту
| |
Земја | Естонија |
---|---|
Регион | округ Тарту |
Притоки | |
- леви | Педја, Лаева, Аме |
- десни | Елва, Поријиги, Ахја |
Град | Тарту |
Извор | ез. Виртс |
- височина | 33,6 м |
Утока | Пејпус |
- височина | 30 м |
Должина | 100 км |
Слив | 9.740 км2 |
Истек | |
- просечен | 70 м3/с |
Сливни земји | Естонија, Латвија |
Понекогаш се нарекува Голема Емајиги (Suur Emajõgi) за да се различи од реката Мала Емајиги (Väike Emajõgi), која се влева во јужниот крај на езерото Виртс.
Ова е втора река по полноводност во Естонија и единствената која е целосно пловна.
Течение
уредиРеката почнува од истекот на североисточниот дел на езерото Виртс кај Рану-Јису, па тече на исток кон Пејпус.
Течението може да се подели на 3 посебни дела.[1] Горното течение се протега од езерото Виртс до мостот кај Керевере, каде реката тече низ големи мочурливи предели во природниот резерват Алам-Педја. Овој дел е многу кривулест и реката нема јасно определено плавно земјиште — тука водата напати се простира неколку километри и нема јасни граници. Средниот тек се протега од Керевере до Касту преку Тарту. Тука реката тече по прав пат, со јасно изразена долина до длабочина од 10 м. Долината по средниот тек е широка 1–1,5 км. Во Тарту истата се стеснува на 800 м. Најтесниот дел (400–600 м) е на крајот од средното течение кај Кавасту.[1] Во долното течение, реката минува низ мочурливата низина Емајие Сурсо, па на крај се влева во езерото Пејпус кај Прага.
Според мерењето во 1927 г. реката била долга 117 км. Во 1930-тите е извршено исправување на водотекот со цел да се олесни пловидбата, со што е сведена на денешните 100 км.[1]
Историја
уредиЕмајиги со векови се користи како воден и трговски пат. Во минатото претставувала препрека за копнениот сообраќај меѓу северна и јужна Естонија поради нејзините ниски мочурливи води. Преминлива е на малку места, од кои најпогоден е оној во Тарту,[2] кој се развил како важен трговски центар во стара Естонија поради оваа пристапност од копно и можноста за пловидба по реката.[2]
Во XIX век реката била мошне прометна и по неа се превезувале разни стоки како огревно дрво, дрвена граѓа, сено и риби за продажба во Тарту. Најзастапеното пловило во прометот била малата баржа лоди со особини на едреник за пловидба по езерото Пејпус (наречено и Чудско-Псковско Езеро).[3] Прометноста била толку голема што во Тарту во секое време имало по 200 закотвени баржи. Во 1843 г. запловил првиот пароброд по Емајиги, а во 1900 г. по реката сообраќале шест вакви брода.[2] Последните баржи на Емајиги престанале да се користат во средината на XX век. Во советско време по реката пловеле неколку нови брода, сообраќајќи до Псков, Пирисар и други одредишта.[4] Во 1960-тите се воведени и брзи хидрокрилци кои сообраќале по линијата Тарту-Псков. Целиот сообраќај по оваа маршрута запрел по распадот на СССР во 1992 г. Почнувајќи од 1997 г. се прават обиди да се поврати како пловен пат, но напорите сè уште немаат вродено плод.[5]
Мостови
уредиЕмајиги ја пресекуваат 10 мостови, од кои највеќето се во градот Тарту. Покрај нив, кај Кавасту реката се преминува и со работи скеле, кое е единствено во земјата.[6] Предложена е изградба на други мостови преку Емајиги како составен дел од обиколницата на Тарту.[7]
Поврзано
уредиНаводи
уреди„Емајиги“ на Ризницата ? |
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Ritsberg, Kersti; Hang, Tiit; Miidel, Avo (2005). „On the geology and morphology of the Emajõgi valley“. Eesti Geograafia Seltsi aastaraamat (естонски). 35. Архивирано од изворникот на 2012-02-19.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Tartu : ajalugu ja kultuurilugu. Tartu: Tartu Linnamuuseum. 2005. стр. 650. ISBN 9949-13-152-9.
- ↑ „About Emajõe-Peipsi barge“. Emajõe Lodjaselts. Архивирано од изворникот на 2009-02-21. Посетено на 6 September 2009.
- ↑ „Sisemere lainekündjad“. Tehnikamaailm. June 2008. Архивирано од изворникот на 2009-04-28. Посетено на 6 September 2009.
- ↑ „Kas Eesti-Vene laevaliiklus lõpuks tuleb?“. LõunaLeht. 15 February 2007. Посетено на 6 September 2009.
- ↑ „Kavastu parv“. Ministry of the Interior. Архивирано од изворникот (DOC) на 2011-07-19. Посетено на 7 September 2009.
- ↑ „Masu lükkas uued sillad tulevikku“. Tartu Postimees. 10 June 2009. Посетено на 6 September 2009.
58°26′21″N 27°14′43″E / 58.4392881179° СГШ; 27.2454071045° ИГД