Емануел Бакалов ( 1892 во Ваташа — ) — македонски поет, доктор по медицина, член на едно од најстарите и најбогатите трговски семејства во Тиквешијата.[1][2]

Животопис

уреди
 
Фамилија Бакалови (1919 година). Стојат: Јанко, Методија, Лазар, а седат Стефан и д-р Емануел Бакалов.

Основно училиште и нижа гимназија завршил во Ваташа и Кавадарци, а Учителска школа во Скопје. Во 1910 година со семејството се преселиле во Скопје, а младиот Емануел заминал во Виена, Австрија каде студирал медицина на престижниот Медицински факултет. Во младоста многу читал, а и самиот се занимавал со литературна дејност.[1]

Емануел Бакалов за време на својот краток живот напишал и објавил повеќе од 200 стихови, бројни раскази и други прозни записи, како и еден роман во ракопис. Неговото творештво е исполнето со емоции. Тој не ги криел своите чувства, туку напротив ги истакнувал за да ги пренесе своите емоции. Попознати негови раскази се: "Два рибара", "На село", "Жената скитничка" и други.[1]

Во ракопис му е сочуван романот "Две срца", создаден во 1916 година, во Ажах, Австрија. Сочуван е и еден запис за Тиквешијата, со посебен осврт за соживотот на Турците и христијаните во Ваташа. Во овој етногеографски запис има многу интересни историски податоци за Тиквешкиот крај.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 404–405. ISBN 978-608-4621-04-1.
  2. „Стари фотографии на Кавадарци-семејство Бакалови“. rtk.mk. Посетено на 2024-06-18.