Ел Шадај

(Пренасочено од Ел Шаддај)

Ел Шадај (хебр. אל שדי) е едно од имињата на Бога во јудаизмот. Видете Ел (бог) и Имиња за Бог во јудаизмот. Во превод, името значи „Семоќен Бог седостатен“.

Посебната положба на рацете за време на Биркат Хакоханим, ја формира хебрејската буква шин (ש), првата буква од Шадаи

Изразот веројатно значи „Бог на Планината“, и се однесува на месопотамската света планина.[1] Ова било едно од патријархалните имиња на племенскиот бог на месопотамците[1] Во Исход 6:3, се открива дека Ел Шадај е Јехова (Господ).[2] Поимот главно се јавува во Тората. Ова може да се однесува и на израелскиот логор на планината Синај каде Господ бил со Мојсеј.

Разни христијански организации го користат овој израз во нивните имиња.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Харис, Стивен Л., Understanding the Bible. Palo Alto: Мејфилд. 1985.
  2. Харис, Стивен Л., Understanding the Bible. Palo Alto: Мејфилд. 1985.

Поврзано

уреди