Ел Шадај
(Пренасочено од Ел Шаддаи)
Ел Шадај (хебр. אל שדי) е едно од имињата на Бога во јудаизмот. Видете Ел (бог) и Имиња за Бог во јудаизмот. Во превод, името значи „Семоќен Бог седостатен“.
Изразот веројатно значи „Бог на Планината“, и се однесува на месопотамската света планина.[1] Ова било едно од патријархалните имиња на племенскиот бог на месопотамците[1] Во Исход 6:3, се открива дека Ел Шадај е Јехова (Господ).[2] Поимот главно се јавува во Тората. Ова може да се однесува и на израелскиот логор на планината Синај каде Господ бил со Мојсеј.
Разни христијански организации го користат овој израз во нивните имиња.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Харис, Стивен Л., Understanding the Bible. Palo Alto: Мејфилд. 1985.
- ↑ Харис, Стивен Л., Understanding the Bible. Palo Alto: Мејфилд. 1985.
Поврзано
уреди- Шадај — божица