Елмира Хусејнова
Елмира Хусејнова (12 февруари 1933 – 23 јануари 1995 година) — азербејџански вајар и портретист, која има одржано изложби во различни локации низ светот и беше призната како Почесен уметник на Азербејџан.
Елмира Хусејнова | |
---|---|
Податотека:Elmira Hüseynova.jpg | |
Роден(а) | Елмира Хусејнова кизи Мехрали 12 февруари 1933 Баку, Азербејџанска Советска Социјалистичка Република |
Починал(а) | 23 јануари 1995 Баку, Азебејџан | (61 години)
Националност | Азерска |
Други имиња | (руски: Эльмира Мехралы кызы Гусейнова) |
Занимање | вајар, портретист |
Активен | 1957–1995 |
Познат(а) по | монументални скулптури |
Ран живот
уредиЕлмира Хусејнова кизи Мехрали (Елмира Хусејнова, ќерка на Мехрали) е родена на 12 февруари 1933 година во Баку, Азербејџанска Советска Социјалистичка Република.[1] Таа уште од рана возраст имала желба да стане уметник.[2] Елмира студираше на Државиот универзитет за уметност Азим Азимзаде, дипломирајќи во 1954 година. Таа го продолжи своето образование во Државниот научен институт за сликарство, скулптура и архитектура Иљја Репин во Санкт Петербург, дипломирајќи во 1960 година.[3]
Кариера
уредиХусејнова почна да одржува изложби во 1957 година и во Азербејџан и во разни други републики на СССР. Тие главно се фокусирале на културни икони—писатели, научници, воени херои и обични работници. Во однос на вајарството, таа работеше со различни медиуми како бронза, керамика, епоксидна смола, мермер, гипс, камен и дрво. Таа работеше со различни видови на дрва и материјали за создавање на најпознатите и значајните нејзини дела.[2] Таа во стапила во брак со Тогрул Нариманбеков и тие заедно имале една ќерка, Асмар Нариманбеков, која била именувана по братот на нејзината мајка[4] и и исто така станала Почесен уметник на Азербејџан.[5]
Хусејнова најмногу се истакна со нејзините масивни скулптури и нејзината оригиналност во однос на композицијата. Некои од нејзините најистакнати дела се: Селска девојка (1957), Работник (1958), Семејство (1960), и Мајка (1970). Таа создала скулптури за гробовите на Јафар Џабарли (1968) и Расул Рза (1970), како и барелјеф за Лав Ландау[3] и споменик за Хасан бег Зардаби (1983), кој се наоѓа во Стар град на влезот на издавачката куќа на Азербејџанска енциклопедија.[3][6] Таа создала два споменици во Германија и во 1967 година беше призната како Почесен уметник на Азербејџан.[3] Други истакнати нејзини дела се статуата на Дмитриј Менделеев на лоџијата на Националната библиотека на Азербејџан во Баку, споменикот на Џафар Џабар во Сумгајит (1966) и слика на платно во зградата Мили Меџлис која била портрет на Незами Ганџави.[6][1] Во прилог на нејзините скулптури, таа беше позната и по нејзините портрети, од кои најпознати се: Портрет на Сатар Бахлулзаде, Портрет на Расул Рза, Портрет на студент и Портрет на Тогрул.[6]
Смрт и наследство
уредиХусејнова починала на 23 јануари 1995 година во Баку по долго и тешко боледување.[1][2] Некои од нејзините дела во постојани колекции на Националниот музеј на уметноста на Азербејџан и Азербејџанските државни уметнички галерии (аз), како и во приватни колекции.[4] Во 2012 година, во нејзина меморија била одржана изложба на одредени нејзини дела во Бакуската галерија.[3]
Наводи
уредиИзвори
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Колосов 2017.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Məsimli 2014.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Бабаева 2012.
- ↑ 4,0 4,1 Yeni Avaz 2017.
- ↑ Исаева 2009.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Микеладзе 2011.
Користена литература:
уреди- Бабаева (Babayeva), Д. (J.) (14 март 2012). „В Баку открылась выставка, посвященная памяти Эльмиры Гусейновой: "Моя мать рано ушла из жизни" (фотосессия)“ [Exhibition devoted to the memory of Elmira Huseynova opens in Baku: "My mother died early" (photo session)] (руски). Baku, Azerbaijan: Trend News Agency. Архивирано од изворникот на 16 април 2012. Посетено на 12 април 2017.
- Исаева (Isayeva), Диана (Diana) (3 септември 2009). „Большая трагедия знать, что нас сменит необразованное поколение—Асмер Нариманбекова“ [It's a great tragedy to know that we will be replaced by an uneducated generation—Asmer Narimanbekova] (руски). Baku, Azerbaijan: News-Azerbaijan. Архивирано од изворникот на 2 септември 2013. Посетено на 12 април 2017. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - Колосов (Kolosov), Дмитрий (Dmitry) (2017). „Гусейнова Эльмира Мехрали Кызы“ [Huseynova Elmira, Mehrali daughter]. Art.ru (руски). St. Petersburg, Russia. Архивирано од изворникот на 11 април 2017. Посетено на 12 април 2017.
- Məsimli, Elmira (25 април 2014). „O, dan ulduz kimi parladı...“ [She shone like the stars...]. Mədəniyyət (азербејџански). Baku, Azerbaijan: Ministry of Culture and Tourism. Архивирано од изворникот на 11 април 2017. Посетено на 12 април 2017.
- Микеладзе (Mikeladze), Галина (Galina) (29 јуни 2011). „Асмер Нариманбекова. Свой путь наследницы–Очерк“ [Asmer Narimanbekova: her path of legacy–Essay] (руски). Baku, Azerbaijan: 1News. Архивирано од изворникот на 12 февруари 2017. Посетено на 12 април 2017. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - „İncə Sənət: Bir heykəltəraş barədə...“ [Fine Art: On a sculptor ...] (азербејџански). Baku, Azerbaijan: Yeni Avaz. 13 февруари 2017. Архивирано од изворникот на 11 април 2017. Посетено на 12 април 2017. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help)