Елке Шал, роденa на 19 јули 1973 година во Шпајер, е професионален пинг-понг играч од Германија. Таа има офанзивен стил во играта.

Елке Шал
Лични податоци
Националност Германија
Роден(а)19 јули 1973(1973-07-19)(51 г.)
Шпајер, Западна Германија

Таа се натпреварувала на пет последователни Олимписки игри од 1992 до 2008 година.[1] Нејзината партнерка во двојки на првите четири Олимписки игри беше Никол Штрус,со која го освоила Европското првенство во 1996 и 1998 година. Таа беше дел од германскиот тим кој беше трет во 1997 година и шести во 2004 година на Светските првенства,имала и три пласмани на подиумот на Европските првенства во 2000, 2002 и 2007 година.[2]

Таа го освоила германскиот шампионат во мешани двојки шест пати и беше играч на годината во Германија во 2003-та година. На Светското првенство во 2009 година, таа и Кристијан Сус стигнале до четврт-финалето, но потоа биле поразени од евентуалните сребрени медалисти.[3]

Од 2001 до 2008 година била во брак со германскиот професионален пинг-понг играч Торбен Восик, кого го запознала во 1991 година.[4]

Таа има тројца браќа и сестри.Нејзиниот брат Мартин е пензиониран професионален кошаркар.

Нејзиниот матичен клуб е ТВ Бузенбах.

Поврзано

уреди
  • Список на спортисти со најмногу настапи на Олимписките игри

Наводи

уреди
  1. Elke Schall Wosik at Sports Reference
  2. „Elke Wosik“. Архивирано од изворникот на 2008-12-23. Посетено на 2010-04-02.
  3. „World Championships 2009 - Table Tennis - Mixed Doubles Results“.
  4. „Die Vorstellung unserer Olympioniken: Elke Schall - Tischtennis | netzathleten“. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на 2010-04-02.