Елизабет Бат
Елизабет Бат, моминско Педи, (1776–1844)[1] ― британска поетеса. Таа била автор на збирка од шеесет и шест песни објавени со претплата во 1806 година во Бристол[2] и член на Друштвото на пријателите.
Елизабет Бат | |
---|---|
Роден/а | Елизабет Педи 17 февруари 1776 |
Починат/а | 3 октомври 1844 | (возр. 68)
Националност | Британка |
Народност | Англичанка |
Период | Романтизам |
Значајни дела | „Поеми, на разни пригоди“ (1806) |
Сопруг/а | Хенри Бат |
Роднини |
|
Животопис
уредиЕлизабет Педи била родена на 17 февруари 1776 година. Таа била ќерка на Едвард Педи и Мери (Роулинг) од Фалмут, Корнвол.
На 7 ноември 1796 година, таа се омажила за Хенри Бат (24 јануари 1776 - 29 мај 1844 година), квекер кој бил трговец со метали во Свонси, Јужен Велс, а исто така и основач на Henry Bath & Son Ltd., претпријатие кое сè уште постои. Тие живееле во Роузхил Хаус, во Мамблс, Свонси. Сестрата на Елизабет, Мери, станала сопруга на Едвард Ослер, а со тоа и баба на лекарот Сер Вилијам Ослер.[3]
Во 1806 година, таа го објавила делото „Песни, за различни прилики “ (изворно: Poems, on Various Occasions; Бристол: печатено од Џ. Дезмонд, во Mirror-Office, Small-Street). Збиркатата е посветена на пријателка „чија искреност се изедначува само со стабилноста што некогаш го одбележала нејзиниот лик“. Песните имаат различни облици - некои се сонети; некои се подолги песни - и се однесуваат на религијата, загубата, пријателството, чувствителноста и други веројатни теми. Списокот на претплатници е значителен.
Бат починала на 3 октомври 1844 година.
Избрани дела
уреди- Песни, за разни прилики. Бристол: Печатено од Џ. Дезмонд, во Mirror-Office, Small-Street. 1806 година.
Наводи
уреди- ↑ „Individual Item Contents: WPRP 5“. Women poets of the Romantic period. UCB Libraries. Архивирано од изворникот на 3 март 2016. Посетено на 11 јуни 2023.
- ↑ Bath, Elizabeth (1806). „Poems, on Various Occasions“. Bristol: J. Desmond. Архивирано од изворникот на 7 мај 2005. Посетено на 11 јуни 2023.
- ↑ „Index: B“. Women poets of the Romantic period. UCB Libraries. Архивирано од изворникот на 3 март 2016. Посетено на 11 јуни 2023.