Света Елена (царица)
Флавија Јулија Елена (латински: Flavia Iulia Helena Augusta), позната уште и како Света Елена, Елена Августа и Елена од Цариград (250 – 330) е важна личност во историјата на христијанството поради големото влијание која го имала врз нејзиниот син. Била сопруга на римскиот цар Констанциј I Хлор и мајка на царот Константин Велики.
Света Елена | |
---|---|
мајка на Константин Велики | |
Роден(а) | околу. 246/50, Хеленополис |
Починал(а) | околу. 330, Цариград, Римско Царство (денешен Истанбул) |
Почитуван(а) во | Римокатоличка црква Православие Древноисточни цркви Црква на Англија Лутеранска црква |
Главно светилиште | Базилика Свети Петар |
Слава | 18 август (Римокатоличка црква); 21 мај (Православие, Англиканство & Лутеранство); 19 мај (Лутеранска црква); Коптска православна црква) |
Обележја | Вистински крст |
Заштитништво | археологист, прекрстување, разведени луѓе, царицата, Света Елена остров |
Според христијанското верување, таа го открила Светиот крст, поради кое во Римокатоличката црква и Православната црква таа се смета како светец. Писателот од ранохристијанската епоха, Сократ Схоластик, пишува за откривањето на Светиот Крст. Според него, Света Елена, мајка на византискиот цар Константин I Велики (првиот император кој прво ја признае христијанската вера, а подоцна и ја прошири) тргнала во потрага на останките на Исус Христос. Тргнувајќи кон Светата Земја, таа основила многу цркви и основала здруженија за помагање на сиромашните и бедните. По престигнувањето во Ерусалим, било откриено местото каде што Исус Христос бил распнат, односно на ридот Голгота. Во близина биле откриени и трите крста, на кои биле распнати Исус Христос и двајцата крадци, Димас и Гестас. Со чудо бил откриен кој од трите крста е вистинскиот осносно на Исус Христос.
Таа исто така е поврзана со основањето на Ватиканските градини.
Надворешни врски
уреди„Света Елена (царица)“ на Ризницата ? |
- St. Helena at Catholic Online
- Kirsch, Johann Peter (1913). . Catholic Encyclopedia. New York: Robert Appleton Company.
- Delehaye, Hippolyte (1911). . Encyclopædia Britannica (11. изд.).
- De Imperatoribus Romanis: Helena Augustus (248/249-328/329 A.D.)
- Eternal Word Television Network: Saint Helena Widow C. 330 Архивирано на 3 март 2011 г.
- The Self-Ruled Antiochian Orthodox Christian Archdiocese of North America: St. Helen, Mother of Emperor Constantine, Equal of the Apostles Архивирано на 15 јуни 2011 г.
- s9.com: Helena Архивирано на 9 април 2009 г.
- Sts. Constantine & Helen Greek Orthodox Church: The Lives of Sts. Constantine & Helen Архивирано на 29 март 2008 г.
- A Treasury of Martyrs and Saints: Saint Helen, and Emperor Constantine the Great Архивирано на 14 октомври 2008 г.
- Saint Eleanor Catholic Church (Ruidoso, NM) & Saint Jude Catholic Mission (San Patricio, NM): St Helena Архивирано на 9 мај 2008 г.
- Holy Monastery of St. Catherine at Mount Sinai: Saint Helen and the Holy Monastery of Sinai Архивирано на 5 март 2009 г.
- Saint Helena at the Christian Iconography web site
- Of the Invention of the Holy Cross from Caxton's translation of the Golden Legend