Елена Вукановиќ
Елена Вукаонвиќ (српски: Јелена/Jelena, унгарски: Ilona; родена по 1109 – почината по 1146) беше кралица на Унгарија и сопруга на кралот Бела II кој царувал од 1131 до 1141 година. Таа била ќерка на кнезот Урош I од Србија (околу 1112-1145) и беше договорено таа да се омажи за Бела II во 1129 година од страна на неговиот братучед, царот Стефан II (1116-1131). Бела II бил заслепен по наредба на таткото на Стефан, кралот Коломан. По смртта на нејзиниот сопруг таа управуваше со Унгарија како регент од 1141 до септември 1146 година заедно со нејзиниот брат Белош, сè додека нејзиниот најстар син Геза II не стана полнолетен. Нејзините помлади синови, Ладислав II и Стефан IV исто така владееле како кралеви на Унгарија.
Елена Вукановиќ | |||||
---|---|---|---|---|---|
Елена, прикажана како сведочи за убиството на еден од непријателите на нејзиниот сопруг, во Chronicon Pictum.
' | |||||
Кралица на Унгарија | |||||
На престол | 1131–1141 година | ||||
Роден(а) | по 1109 | ||||
Починал(а) | по 1146 | ||||
Сопружник | Бела II Унгарски | ||||
Деца |
| ||||
| |||||
Династија | Вукановиќ | ||||
Татко | Урош I од Србија | ||||
Мајка | Ана Диоген | ||||
Вероисповед | Римокатолицизам, претходно источно Православие |
Живот
уредиРан живот
уредиЕлена беше ќерка на српскиот велики кнез Урош I (1112-1145 година) од династијата Вукновиќ и византиската принцеза Ана Диоген.[1] Нејзиниот татко учествувал во Византиско-унгарската војна (1127-29) на страната на кралот Стефан II Унгарски.[2] Унгарската војска го уништи византиски Белград и навлезе до Најсос (Ниш), Сердика (Софија) и Филипополис (Пловдив).
Околу 1129 година, цар Стефан II го договорил нејзиниот брак со неговиот братучед Бела, кој бил заслепен од страна на таткото на Стефан, кралот Коломан Унгарски (1095-1116 година). Урош I пред ова имал изгубено и од Унгарија и од Византија, па тој среќно се здругарил со унгарскиот крал.[3] Кралот Стефан II на новата двојка им дал имот во близина на Толна.
Кралица консорт
уредиПо бездетната смрт на кралот, нејзиниот сопруг бил крунисан за крал на Унгарија на 28 април 1131 година. Кралицата Елена имала големо влијание врз нејзиниот сопруг и унгарската држава. Тие имале шест деца: Геза, Ладислав II, Стефан IV, Алмос,[4] Софија[5] и Гертруда. Таа управуваше со државата за време на владеењето на Бела. Таа беше лојална на нејзината држава и таа беше онаа која ги убеди благородниците на собранието во Арад да се егзекутираат 68 унгарски аристократи кои биле во заговор со кралот Коломан и го заслепиле нејзиниот сопруг. Според изворите од тоа време, таа беше присутна за време на погубувањето со нејзиниот син, со цел да ја обезбеди смртта на непријателите на нејзиниот сопруг.
Таа ги насели Србите на Чепелскиот остров и Ракев, каде таа изгради манастир и црква кои постојат и денес.
Регенство
уредиКога нејзиниот сопруг починал на 13 февруари 1141 година, нивниот најстар син Геза II сѐ уште бил дете, затоа Елена и нејзиниот брат Белош Вукановиќ управувале со Кралството Унгарија до септември 1146 кога Бела II стана полнолетен. Белош беше надор на Унгарија, највисоко рангираната титула од 1141 до 1161 година и бан на Славонија од 1146 до 1157 година. Елена продолжи да има големо влијание врз владеењето и Унгарија имаше добри односи и мир во делот до јужните граници. Во периодот по смртта на Бела, германско-унгарските односи биле влошени и бракот на Хенрик и Софија, ќерката на Елена, беше откажан. Софија зеде монашки завет и стана калуѓерка во Адмонт, во Штаерска.
Владеењето на Геза II и последиците
уредиЗа време на владеењето на Геза II, Стефан IV и Ладислав II не биле задоволни со нивните титули и имот, затоа тие побарале помош од светите римски цареви и византиските императори. Заговорите против Геза II не биле успешни и по неговата смрт (1161 година) Мануил I Комнин виде добра можност да се прошири византиското влијание во Унгарија. Мануил помогна да се симне од власт Стефан III и го сменил прво со Ладислав II а потоа со Стефан IV за кратко време. Конечно, Стефан III повторно го обезбеди престолот во 1163 година.[6] Се верува дека кралицата Елена починала во 1161 година.
Брак и деца
уредиоколу 1129: таа стапила во брак со кралот Бела II Унгарски со кој имала повеќе деца:
- Елизавета или Гертруда (околу 1129 – пред 1155 година), сопруга на војводата Мјешко III од Полска
- Кралот Геза II Унгарски (околу 1130 – 3 мај 1162 година)
- Кралот Ладислав II Унгарски (1131 – 14 јануари 1163 година)
- Кралот Стефан IV од Унгарија (околу 1133 – 11 април 1165 година)
- Алмос
- Софија (околу 1136 – ?), калуѓерка во Адмонт (Штаерска)
Наводи
уреди- ↑ Magyar Tudományos Akadémia 1987, стр. 1194
- ↑ Andrija Veselinović; Radoš Ljušić (2008). Srpske dinastije. Službene glasink. стр. 40. ISBN 978-86-7549-921-3.
[...] Краљица Јелена је имала велики утицај на свог мужа, па и у угарској држави, што јечинила и за време владавине свог сина Гезе II (1141-1161). По- ред Гезе, Јелена и Бела су имали још два сина, Ладислава и Стефана, који су ...
- ↑ Српско учено друштво (1887). Гласник Српскога ученог друштва ... стр. ix.
За тим је сина свога оженио (1129) Јеленом ћерком рашког жупана Уроша I (") Урош се радо опријатељио с мађарским ... Краљица Јелена населила је ове своје земљаке на чешељском острву, а у данашњем Српском – Ковину назидала им је манастир и цркву, која још и данас постоји ("). Јеленин брат Белуш био је Надворник (Palatinus) мађарске краљевине од 1141 до 1161. Оне исте године 1129, кад је Стеван сина свога оженио, велика је несрећа постигла мађарску флотилу у рату са грчким царем Јованом Комненом, под чију је заштиту прибегао мађ. херцег Алмош. Под Хоромом (“) спалише и ...
- ↑ Magyar Tudományos Akadémia 1987, стр. 1191
- ↑ Magyar Tudományos Akadémia 1987, стр. 1195
- ↑ Magyar Tudományos Akadémia 1987, стр. 1218–1220
Извори
уреди- István Soltész (1999). Árpád-házi királynék: szentek és szeretők (унгарски). Gabo. ISBN 978-963-9237-40-7.
- Gyula Kristó; Ferenc Makk (1996). Az Árpád-ház uralkodói (унгарски). I.P.C. Könyvek. ISBN 978-963-7930-97-3.
- Magyar Tudományos Akadémia (1987). Magyarország története: Elozmenyek es Magyar tortenet 1242-IG (унгарски). Akadémiai Kiadó.