Елвир Салимов (Крива Паланка, 1 април 1971–) ― македонски бранител, припадник на посебната единица ПЕП, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година и поранешен полициски службеник.[1]

Елвир Салимов
1 април 1971(1971-04-01)(53 г.)
Роден во:Крива Паланка, СР Македонија, СФРЈ
Служба во:Македонија Македонија
Род:Полиција на Македонија
Период на служба:1989-2019
Чин:Крим техничар во МВР
Единици: ПЕП
Битки/војни:Воен судир во Македонија 2001
  • Судир кај Теарце
  • Судир кај Радуша

Животопис

уреди

Живот и стапување во полиција

уреди

Елвир Салимов е роден на 1 април 1971 година во Крива Паланка. По завршување на осумгодишното училиште „Јоаким Крчовски“, се запишал во средното училиште „Ѓорче Петров“ каде го посетувал две години, а следните две ги поминал во полициското училиште ЦОКБОС „Елисие Поповски - Марко“. На 1 јули 1989 година, стапил во полициска служба на Македонија служејќи од 1989 до 1993 во Скопје. Од 1993 година служел во родната Крива Паланка, каде служел до 2019 година откако се стекнал со право на пензија.[1]

Учесник на Судирот во 2001

уреди

Од 2000 година бил ангажиран во Посебната единица. Со започнувањето на воениот конфликт во 2001, учествувал во борбите во Опае, Теарце, Радуша. Во неговата второ ангажирање во Радуша, на 11 август, тој бил застрелан од снајперист со снајпер со калибар 762 во пределот на грлото. Заради настанатите телесни повреди и неговото болничко лекување и истиот е распореден од сообраќајна служба во крим техника од каде до 2019 година извршува работни задачи.[1]

Резиме

уреди

Како учесник во еден воен судир, Елвир Салимов се има искажано:

 „Горд сум што сум бранител на Република Македонија и следбеник на стапките на дедо ми Асан Салимовски, учесник во НОБ од 1942 до 1945“.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Лична исповед од Елвир Салимов. Посетено на 4 април 2021.