Економски факултет (Љубљана)
Економски факултет (словенечки: Ekonomska fakulteta, EF,SEB LU) ― факултет по економија во Љубљана, кој е дел од Универзитетот во Љубљана и е основан во 1946 година. Тој е еден од првите факултети во земјата што воспоставил нови меѓународно споредливи „болоњски“ 3+2 програми во 2005 година.[1] Во 2006 година му била доделена акредитација на EQUIS.[2] Во 2010 година, факултетот добил деловна акредитација од AACSB International.[3] Шест години подоцна, факултетот добил и акредитација од AMBA.[4] Со додавањето на акредитацијата на AMBA, факултетот станал еден од 77-те бизнис школи во светот што ја имаат акредитацијата „Тројна круна“.[5]
Ekonomska fakulteta Univerze v Ljubljani | |
Вид | Државен универзитет |
---|---|
Основан | 1946 |
Декан | Метка Текавчич |
Студенти | 6,000 |
Место | Љубљана, Словенија |
Припадност | ЗУКШБ (AACSB), СПКВЕ (EQUIS), ЗМБА (AMBA) |
www.ef.uni-lj.si/ www.efnet.si/en |
Редовни програми на англиски јазик
уредиЕкономскиот факултето нуди различни програми за додипломски и последипломски студии по бизнис и економија на словенечки и англиски јазик.[6] Ова им овозможува на словенечките студенти и странци да студираат во Словенија на кој било јазик.
Програма за додипломски студии
уредиУчилиштето нуди диплома по бизнис и економија со две специјализации:
- Рекламирање
- Меѓународен бизнис
Магистерски програми
уреди- Магистер по меѓународен бизнис
- Магистер по банкарски и финансиски менаџмент (двојна диплома)
- Магистер по пари и финансии (двојна диплома)
- Магистер по економија (двојна диплома)
- Магистер по бизнис информатика (менаџмент на информации) (двојна диплома)
- Магистер по логистика/раководење на набавни синџири
- Меѓународна магистерска програма со полно работно време за деловн администрација (IMB)
- Европски магистер по менаџмент на туризам (заедничка програма)
- Магистер по деловна администрација во соработка со ICPE
- Меѓународна деловна академија – Македонија
- Јавен сектор и економија на животната средина (JMPSE) (Заедничка тројна програма)
Докторатска програма
уреди- Докторска програма по економија и бизнис
Извршно образование
уредиОваа програма им овозможува на вработените директори да го усовршат своето знаење во училиштето.
Отворени курсеви
уредиПрограмите за отворен развој се насочени кон општите потреби и се однесуваат на проблемите со кои се соочуваат организациите, како што е проценето од потребите и предлозите на клиентите. Секоја програма е предводена од програмски директор и се работи заедно со други училишта.
Портфолиото на отворени курсеви ги вклучува следните области на специјализација:
- генерален менаџмент;
- водење бизнис на странски јазици;
- информатика и организација;
- лидерство и личен развој;
- финансии;
- сметководство и контрола;
- маркетинг; и
- посебни теми (на пр., ЕУ проекти/фондови, правни прашања).
Посебни програми за стопански друштва
уредиОбезбедени се програми за поединечни организации. Дополнителна програма, насловена „Бизнис академија“, е дизајнирана како алатка за развој на менаџмент за врвни директори, средни менаџери или аспиранти млади менаџери.
Истражување
уредиИстражувачите и активностите се организирани во рамките на Истражувачкиот центар на Економскиот факултет и петнаесет применети истражувачки институти.
Истражувачите на Економскиот факултет редовно учествуваат на научни и професионални конференции, произведуваат монографии и објавуваат во меѓународни научни и професионални списанија како што се Journal of Business Finance & Accounting, [7] Academy of Management Review [8] и Interactive Learning Environments.[9]
Наводи
уреди- ↑ School of Economics and Business website
- ↑ EQUIS Accredited Schools Архивирано на 24 ноември 2009., EFMD official website
- ↑ University of Ljubljana Becomes the First School in Slovenia to Earn AACSB International Accreditation Архивирано на 26 декември 2010., AACSB News Release, 6 април 2010
- ↑ „FACULTY OF ECONOMICS, UNIVERSITY OF LJUBLJANA JOINS WORLD'S ELITE MBA PROVIDERS WITH AMBA ACCREDITATION“. Посетено на 15 октомври 2022.
- ↑ Triple accredited business schools (AACSB, AMBA, EQUIS)
- ↑ Kester E., Far sighted approach reaps rewards for top institutions, The Financial Times, 16 ноември 2010
- ↑ Гарод Н., Валентинчич А., The Term Structure of Implicit Discount Rates in Security Valuation, Journal of Business Finance & Accounting, 2005, том 32, издание 7-8
- ↑ Cardon M., Wincent J., Singh J., Drnovšek M., The Nature and Experience of Entrepreneurial Passion, Academy of Management Review, 2009, том 34, бр. 3
- ↑ Škerlavaj M., Dimovski V., Mrvar A., Pahor M., Interactive Learning Environments,Intra-organizational learning networks within knowledge-intensive learning environments, 2010, том 18, издание 1