Екатерина Михајловна-Мисиркова
Екатерина Михајловна-Мисиркова — сопругата на Крсте Петков Мисирков и мајка на Сергеј Мисирков. Екатерина Михајловна е родена во Русија додека починала во Софија во 1971 година[1]. Крсте и Екатерина се сретнале во Русија и набрзо се венчале, по што се преселиле во Софија поради моменталните политички неприлики. Сè до својата смрт Екатерина живее во Софија со својот син Сергеј Мисирков, откако Крсте умира и ги остава во бедна финансиска ситуација. Подоцна со молба Екатерина бара да се префрлат останките на Мисирков во Скопје, но тоа не се остварува. Како замена за тоа, сè што имала од Крсте Мисирков го праќа во Скопје и денес се наоѓа во спомен куќата на Мисирков. Екатерина е закопана во софиските гробишта во истиот гроб каде се наоѓа Крсте Мисирков и нејзиниот син Сергеј Мисирков[1].
Наводи
уредиПоврзано
уредиГалерија
уреди-
Молба на Екатерина Мисиркова за враќање на посмртните останки на Мисирков во неговата татковина Македонија.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |