Глобочица (езеро)
- За други значења видете Глобочица (појаснување)
Глобочица — вештачко езеро на реката Црн Дрим.[1] Се наоѓа на околу 20 км северозападно од Струга, а изградено е во 1965 година.
Глобочица | |
---|---|
Координати | 41°20′13″N 20°38′03″E / 41.33694° СГШ; 20.63417° ИГД |
Вид | вештачко |
Сливни земји | Македонија |
Особености
уредиБраната е изградена од насипан камен, нејзината височина од темелот е 90 м, а од речното корито 82,5 м. Таа во основата е долга 270 м, на круната 202 м, а широчината на круната изнесува 6 м. Езерото е долго 12 км, најголемата широчина е 350 м, а просечната широчина 224 м. Во наведените рамки тоа зафаќа површина од 2,69 км2. При кота на максимално ниво на езерската вода (691,5 м) во него може да се акумулираат 68,3 х 106 м3 вода, при кота на нормално ниво (687 м) по 57,8 х 106 м2, а при кота на минимално ниво (682 м) се акумулираат 13,0 х 106 м3 вода. Наменето е за производство на електрична енергија преку хидроцентралата со моќност од 41,6 MW и за регулирање на протокот на Црн Дрим и нивото на низводно сместеното езеро Шпилје, со кое формира единствен електроенергетски систем.[2]
Галерија
уреди-
Поглед на езерото
-
Езерото со истоименото село
-
Езерото со околината
-
Баржа покрај езерото
-
Кајчиња на брегот на езерото
-
Кајчиња кои водат до истоименото село
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Голабоска, Росица (19 февруари 2010, 17:17). „Охридско и натаму расте, ставен насип кај Глобочица“. Алфа тв. Посетено на 2010-05-06. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)[мртва врска] - ↑ Стојмилов, А. (2002). „Физичка географија на Република Македонија“. ПМФ, Скопје.
Надворешни врски
уреди- Глобочица (езеро) на Ризницата ?