Ежен Мире (Реноар)

(Пренасочено од Ежен Мирер (Реноар))

Ежен Мире (француски: Eugène Murer) ― слика со масло на платно на францускиот уметник Пјер Огист Реноар создадена во 1877 година. Таа е портрет на слаткарот, уметникот, писателот, собирачот и спонзор Ијасант Ежен Менје (1841–1906), популарно познат како Ежен Мире. Таа била купена од Ликовниот музеј Метрополитен во 2002 година.[1] Овој портрет на Ежен е една од четирите слики на семејството Мире од Реноар, вклучително и две од полусестрата на Ежен Мари (Портрет на Госпоѓица Мари Мире) и една од неговиот син Пол (Портрет на Пол Менје). Мире бил еден од најголемите поддржувачи на импресионистите во 1870-тите, но плаќал ниски цени за нивните дела. Се проценува дека Реноар добивал 100 франци за секој портрет што бил купуван од Мире.[2]

Ежен Мире
Творец Пјер Огист Реноар
Година 1877
Димензии 47 см × 39.4 см
Место Ликовен музеј Метрополитен, Њујорк, Њујорк

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Bailey, Colin B. (2009). "Eugène Murer (Hyacinthe-Eugène Meunier, 1841–1906)". In Stein, Susan Alyson; Miller, Asher Ethan (eds.). The Annenberg Collection: Masterpieces of Impressionism and Post-Impressionism. Metropolitan Museum of Art. pp. 108–114. ISBN 9781588393418.
  2. Lucy, Martha. John House (2012). Renoir in the Barnes Foundation. Yale University Press. pp. 92-93, 283. ISBN 9780300151008. OCLC 742017633.

Надворешни врски

уреди