Еди Марфи

(Пренасочено од Еди марфи)

Едвард Реган “Еди” Марфи (роден на 3 април, 1961) е американски соло (стоечки) комичар, глумец, писател, пејач, режисер и музичар.

Еди Марфи (2010)

Заработувачката на благајните од филмовите на Марфи го направи втор глумец со најголема бруто заработувачка во САД.[1][2] Тој бил постојан член на глумечката екипа на Сабота навечер во живо од 1980 до 1984 и работел и како соло комичар. Бил на десеттото место на листата 100 Најдобри Соло Комичари на Сите Времиња на Централна Комедија.[3] Тој бил номиниран за наградата Златен Глобус за неговата изведба во 48 часа, Полицаец од Беверли Хилс, Места на размена и Налудничавиот Професор. Во 2007 година, добива Златен Глобус за Најдобра Машка Споредна Улога и е номиниран за Оскар за Најдобра Машка Споредна Улога за прикажување на соул пејачот Џејмс “Бура” Ерли во Девојки од соништата.[4]

Гласовните изведби на Еди Марфи го вклучуваат Таргуд Стабс во ПиЏејси, Магаренцето во Шрек филмовите и змејот Мушу во Мулан на Дизни. Во некои од неговите филмови, игра повеќе улоги како дополнение на наговиот главен лик, во чест на еден од неговите најголеми идоли Питер Селерс, кој играл неколку улоги во Д-р Чуднаљубов и на други места. Марфи има играно повеќекратни улоги во Доаѓање во Америка, Вампир во Бруклин на Вес Крејвен, филмовите Налудничавиот професор (каде ја игра главната улога во две олицетворенија, плус неговиот татко, брат, мајка, и баба), Бауфингер, Норбит и Запознај се со Дејв.

Ран живот

уреди

Еди Марфи пораснал во населбата Башвик во Бруклин.[5] Неговата мајка, Лилијан, била телефонистка, а неговиот татко, Чарлс Едвард Марфи, бил полицаец за транспорт, глумец-аматер и комичар.[6][7][8][9] Неговиот татко починал кога тој бил мал. Кога самохраната мајка на Марфи се разболела, осумгодишниот Еди Марфи и неговиот постар брат една година живееле во дом за посвојување. Во интервјуа, глумецот и комичар вели дека неговиот престој во домот бил влијателен во развивањето на неговата смисла за хумор. Подоцна Марфи и неговиот постар брат Чарли израснале во Рузвелт, Њујорк, со нивната мајка и очувот Вернон Линч, мајстор во фабрика за сладолед.[6] Околу 15-годишна возраст, Марфи ги пишувал и изведувал сопствените рутински точки, кои биле под силно влијание на Бил Козби и Ричард Прајор.[6]

Кариера

уреди

Стоечка комедија

уреди

Марфи изведувал стоечки комедии во истиот Беј Ареа Комеди Клаб со Робин Вилијамс и Вупи Голдберг. Неговите први комедии биле карактеризирани со често пцуење и скечеви со остра сатира за посебни групи на луѓе (вклучувајќи БАСП-и, Афроамериканци, Итало-Американци, луѓе со прекумерна тежина, и хомосексуалци). Оваа непристојна содржина била сродн на онаа на Ричард Прајор, на кого Марфи му ја припишува заслугата за инспирација да започне со комедијата, меѓутоа, во неговата автобиографија, Осудата на Прајор, Прајор пишува дека понекогаш комедијата на Марфи е претерано нечувствителна. Подоцна Марфи се извинува за нечувствителните шеги за хомосексуалците и СИДА-та. Стоечките претстави Делириум и Суров се снимени и издадени.

Глумечка кариера во 80-те

уреди

Марфи за првпат привлекол внимание како редовен глумец во Сабота навечер во живо, а бил заслужен и за помагање во заживувањето на серијата за време на нејзиниот прв пад во квалитетот во раните 80-ти.[10] Некои од неговите значајни улоги вклучуваат возрасна верзија на Елда од Малите Палавковци, Г-ин Робинсон, домаќин на шоуто на сиромашните, но улично-лукави дечиња (пародија на Фред Роџерс, кој мислел дека е тоа смешно), и Гамби, сурово циничната верзија на анимираниот лик ја создал една од многуте популарни фрази на СНЖ, “Јас сум Гамби, по ѓаволите!” Иако Елда бил неогв најпознат лик, Марфи побарал тој да се пензионира, бидејќи бил уморен од луѓето кои му довикувале “Биди Елда!Биди Елда!, па ликот бил убиен пред камера пред 30 Рокфелер Плаза.

Во 1982 година, Марфи дебитирал на големиот екран во филмот 48 часа, со Ник Нолт. 48 часа се покажал како хит кога бил издаден за време на Божиќната сезона во 1982 година. Нолт бил определен да биде домаќин на Божиќната епизода на сабота навечер во живо на 11 декември 1982 година, но бил премногу болен за да ја води, па ја преземал Марфи. Тој станал единствениот од глумечката екипа кој бил домаќин и сè уште редовен глумец. Тој го започнал шоуто со фразата “Во живо од Њујорк, ова е Шоуто на Еди Марфи!” Следната година, Марфи глуми во Места на размена, со бившиот колега од СНЖ Дејв Ајкроид. Филмот ја одбележува првата соработка на Марфи со режисерот Џон Лендис (кој исто го режирал и Доаѓање во Америка и Полицаец од Беверли Хилс 3), а се докажал и како уште поголем успех на кино благајните од 48 часа. Во 1984 година, Марфи глуми во успешната акциона комедија Полицаец од Беверли Хилс. Филмот бил првата позначајна улога, која во почетокот требало да ја одигра Силвестер Сталоне (кој подоцна го претворил сценариото во неговот Кобра од 1986 година). Полицаец од Беверли Хилс заработил повеќе од 230 милиони долари на кино благајните и е 40-ти по ред на листата по заработка на кино благајните во Америка на сите времиња (на 4-то место меѓу “Р” филмовите) по прилагодувањето на инфлацијата, од март 2011 година.

Во 1984 година, Марфи се појавува во Најдобра одбрана, заедно со Дадли Мур. Марфи, кој беше “Стратегиска гостин улога”, бил додаден на филмот по завршувањето на оригиналната верзија, но слабо котирал кај публиката. Најдобра одбрана бил големо финансиско и критичко разочарување. Кога го водел СНЖ, се придружил на критичарите на Најдобра одбрана, нарекувајќи го “најлошиот филм во историјата на сѐ”. Партнерот на Марфи во Места на размена, Ден Ајкројд најпрво го создал ликот на Винстон Зедемор од Истребувачи на духови специјално за Марфи, но тој не можел да се посвети во тоа време заради распоредот на снимање на Полицаец од Беверли Хилс. На крај, улогата ја добил Ерни Хадсон. Исто така, на Марфи му била понудена и улога во Ѕвездени патеки 4 од 1986 гоидна: Враќање дома, улога која, по изменувањето од комичен во љубовен дух, на крај ја доби ѕвездата од Седмо небо, Кетрин Хикс. Дотогаш, речиси ексклузивниот договор на Марфи со Парамаунт Пикчерс му конкурираше на Ѕвездени патеки како најпрофитабилната франшиза.

Во 1986 година, Марфи глуми во натприродната комедија, Златното дете. Златното дете од почетокот требало да биде сериозен авантуристички филм, со Мел Гибсон. Откако Гибсон ја одбил улогата, проектот му бил понуден на Марфи, а последователно и изменет во делумна комедија. Иако Златното дете (со фразата на Марфи “Го сакам ножот!”) поминала добро на кино благајните, филмот не бил толку критички прифатен како 48 часа, Места на размена, и Полицаец од Беверли Хилс. Златното дете се сметал како промена во темпото на Марфи поради натприродниот амбиент за разлика од повеќе “уличните” средини во претходните достигнувања на Марфи. Една година подоцна, Марфи ја повторува неговата улога на Аксел Фоли во Полицаец од Беверли Хилс 2, режиран од Тони Скот. Бил успех на кино благајните, заработувајќи повеќе од 150 милиони долари. Наводно, продуцентите сакале да го претворат Полицаец од Беверли Хилс во неделна телевизиска серија. Марфи ја одбил понудата, но бил подготвен да направи филмско продолжение наместо тоа.

Марфи бил еден од последните филмски глумци кои потпишале ексклузивен договор со студио. Во овој случај, тоа е Парамаунт Пикчерс, што и ги издало сите негови филмови дотогаш.

Музичка кариера

уреди

Марфи е, исто така, пејач и музичар, честопати следечки вокал во песни на Бас Бојс, чија песна “Момците се пак тука” се најде во 48 часа и специјалната комедија на Еди Марфи Делириум. Како соло артист, Марфи име хит песни, “Забава нон стоп” (во продукција на Рик Џејмс) и “Стави ја твојата уста на мене” во средината на 80-те (иако тој всушност започнал да пее порано во својата кариера, со песните “Буги во вашиот задник” и “Доста е”, вторава е пародија на “Нема веќе солзи (Доста е)” од 1979 година на Барбра Стреисенд и Дона Самер. И двете се појавуваат на неговиот истоимен комедија албум од 1982 година. “Забава нон стоп” е на деби албумот Како е можно на Марфи од 1985 година, кој вклучувал и мал дополнителен РиБ хит во насловната песна, дует со пејачот Кристал Блејк. Оваа песна ја напишал Расти Хамилтон, а ја продуцирал братучедот на Стиви Вондер, Акил Фаџ, по краток пад и облог со Рик Џејмс. Во 2004 година, ВХ-1 и Блендер ја изгласаа “Забава нон стоп” за број седум меѓу “50 најлоши песни на сите времиња”. Во 2006, Шарам искористи примерок од песната за Британскиот хит на осмо место, “Забава нон стоп”.

Марфи го снимил албумот Љубовта е добра во раните 90-ти. Настапил во музичкото видео на песната “Шо има кај тебе” со Мајкл Џексон. Снимил дует со Шаба Ранкс по име “Бев крал”. Во 1992 година, Марфи се појавил во “Се сеќавам на времето” на Мајкл Џексон заедно со Меџик Џонсон и Иман.

Иако не земал заслуги, тој сработил вокален дел комичната песна на партнерот од СНЖ, Џо Пископо, “Рап за меден месец”. Пископо го прикажал Џеки Глисон во песната, додека Марфи ги имитирал Арт Карни.

Во Доаѓање во Америка, го имитирал Џеки Вилсон кога ја пеел “Да се биде сакан”, но поради тоа што ликот кој го играл имал тврд акцент, морал да го пее како и ликот. Во подоцнежните години, Марфи има изведено неколку песни во филмовите Шрек. Во првиот дел, пее верзија од “Јас сум верник” во завршната сцена од филмот; во Шрек 2 го исполнува хитот на Рики Мартин “Живеам лудо” заедно со Антонио Бандерас.

Омилен пејач на сите времиња на Марфи е Елвис Присли.

Пад во кариерата

уреди

Од 1989 година до средината на 90-те, успехот на кино благајните за филмовите на Марфи опаднал, забележувајќи голем пад со лошо искритикуваниот Полицаец од Беверли Хилс 3 (1994 година), филм кој Марфи на крајот ќе го осуди за време на појавувањето на Студио - Глумците одблиску, иако доживеа мал успех на кино благајните со Бумеранг, Уште 48 часа и Вампир во Бруклин. Ноќи во Харлем со Марфи, кој претходно го знаеле само како изведувач, режисер, продуцент, ѕвезда, и ко-сценарист, со неговиот брат, Чарли Марфи, како и споредни улоги за комичарите-идоли на Марфи Ред Фокс и Ричард Прајор.

Во текот на овој период, режисерот Спајк Ли го критикувал Марфи затоа што не го користел својот шоу-бизнис углед за да им помогне на црните глумци да се пробијат во филмот, покрај филмовите на Марфи (посебно оние кои тој ги продуцирал) често биле исполнети со претежно црна глумечка екипа (Доаѓање во Америка, Ноќи во Харлем, Бумеранг, Вампир во Бруклин, Живот). Многу од црните глумци кои подоцна ќе се здобијат со многу признанија за првпат се појавуваат во филмовите на Марфи како на пример Дејмон Вајанс во Полицаец од Беверли Хилс, Хали Бери и Мартин Лоренс во Бумеранг, Семјуел Л. Џексон и Куба Гудинг Џуниор во Доаѓање во Америка, Дејв Чапел во Налудничавиот професор и Крис Рок во Полицаец од беверли Хилс 2.

Иако Марфи доживеал комерцијален успех од Сабота навечер во живо, тој никогаш не присуствувал на собири на глумечката екипа и на специјални годишнини, ниту пак учествувал во правењето на Во живо од Њујорк: ретроспективната книга Нецензурирана историја за Сабота навечер во живо на Том Шејлс и Џејмс Ендрју Милер (2002 година).

Повторно враќање и промена на имиџот

уреди

Успехот на кино благајните на Марфи започнал да се враќа во 1996 година, почнувајќи со Налудничавиот професор. Следуваат низа успешни семејни пријателски филмови како Мулан, Д-р Дулитл и неговите продолженија, филмовите Шрек, Дневниот престој на тато, и Дворецот прогонуван од духови, заедно со Налудничавиот професор 2: Клампеви. Сепак, повеќето од неговите филмови што биле наменети за повозрасна публика, се покажале умерено; Метро, Јас шпион, и Време за шоу, сите завршиле со заработувачка помала од 40 милиони долари на домашен терен, Свет човек поминал лошо, заработувајќи помалку од 13 милиони долари, и Авантурите на Плутон Неш е забележан како еден од најголемите театарски губитници на пари на сите времиња, заработувајќи само 7 милиони долари низ цел свет, на пријавениот буџет од 110 милиони долари. Значаен исклучок од оваа низа на лошо прифатени филмови со повозрасна тематика е комедијата на Френк Оз Бауфингер, во која исто така глуми и Стив Мартин. Филмот освоил генерално позитивни критички рецензии, и заработи 98 милиони долари на кино благајните.

Во 2006 година, глуми во филмската верзија на Бродвеј мјузиклот Девојки од соништата како соул пејачот Џејмс “Бура” Ерли. Марфи доби Златен Глобус за Најдобра Машка Споредна улога, како и награда од Здружението на филмски глумци и награда од Асоцијацијата на филмски критичари во таа категорија. Неколку рецензии на филмот ја нагласија изведбата на Марфи додека се шушкало дека ќе добие некои од Оскарите. Марфи бил номиниран на Оскар за Најдобра Машка Споредна улога на 23 јануари 2007 година, но изгубил од Алан Аркин за неговата изведба во Малата Мис Америка. Девојки од соништата бил првиот филм на Парамаунт Пикчерс во кој глумел Марфи (кој некогаш имал ексклузивен договор со студиото) од Вампир во Бруклин во 1995 година.

Во 2007 година, Марфи бил поканет да се приклучи на Академијата за Филмска Уметности и Науки. Како резултат на придобивањето на Дримворкс СКГ од страна на Виаком, Парамаунт ги дистрибуирал другите негови изданија од 2007 година: Норбит и Шрек 3. Глуми во филмот Запознај се со Дејв од 2008 година и во Замисли си од 2009 година на Парамаунт Пикчерс.

Марфи се појавува и во Грабеж на кулата, во режија на Брет Ратнер. Марфи игра крадец кој се придружува кон група работливи луѓе кои дознаваат дека се жртва на измама на богатиот стопанственик Понзи и прават заговор да ја ограбат неговата многукатница. Бен Стилер, Метју Бродерик и Кејси Афлек исто така глумат во филмот, издаден на 4 ноември 2011 година.

Беше соопштено кон крајот на 2011 година дека Марфи ќе биде домаќин на 84-то доделување на Оскарите во 2012 година. Сепак, тој се откажа од таа должност на 9 ноември 2011 година, во екот на скандалот со Брет Ратнер.

Приватен живот

уреди

Семејство

уреди

Марфи започнал долгогодишна љубовна врска со Никол Мичел (родена на 5 јануари 1968 година), откако ја сретнал во 1988 година на шоуто на доделувањето на НАНОЛ Наградите. Живееле заедно речиси 2 години пред да се венчаат во Гранд Салата за Балови во хотелот Плаза во Њујорк на 18 март 1993 година.[11] Марфи и Мичел имаат пет деца: Бриа Л. Марфи (родена на 18 ноември 1989 година), Мајлс Мичел (роден на 7 ноември 1992 година), Шејн Одра (родена на 10 октомври 1994 година), Зола Ајви (родена на 24 декември 1999 година) и Бела Захра (родена на 29 јануари 2002 година). Во август 2005 година, Мичел поднела документи за развод, наведувајќи “непремостливи разлики”. Разводот бил завршен на 17 април 2006 година.[12]

Тој исто така има дете со Тамара Худ: синот Кристијан Марфи (роден на 29 ноември 1990 година).

Од 2008 година, Марфи живее на Лонг Ајленд, Њујорк.

По неговиот развод од Мичел во 2006 година, Марфи почнал да се забавува со поранешната Спајс девојка Мелани Браун, која забременила и тврдела дека детето е на Марфи. Кога од РТЛ Булевар го прашале за бременоста во декември 2006 година, Марфи му рекол на холандскиот новинар Матхијс Клеин, “Не знам чие е детето, сè додека не излезе и не му се направи тест на крвта. Не треба да избрзувате со заклучоците, господине.” Браун роди девојче, Ејнџел Ајрис Марфи Браун, на 46-иот роденден на Марфи, 3 април 2007 година. На 22 јуни 2007 година, претставници на Браун изјавија за списанието Пипл дека ДНК тест потврдил дека Марфи е таткото. Браун изјавила во интервју дека Марфи не се обидел да стапи во врска со Ејнџел.

Марфи си размени брачни завети и со филмскиот продуцент Трејси Едмондс, поранешната сопруга на Кенет “Бејбифејс” Едмондс, на 1 јануари 2008 година, на приватна церемонија на остров на Бора Бора. На 16 јануари, двојката објави соопштение кое вели, “По долго размислувањеи дискусија, заеднички решивме дека ќе се воздржиме од законска цермонија, бидејќи нема потреба понатаму да се дефинира нашиот однос”, и ја нарекле венчавката во Бора Бора “симболично обединување”. Двојката планирала законско венчавање по нивното враќање во САД, но не го направиле тоа, и нивната венчавка никогаш не била официјална.

Проблеми со законот

уреди

Според книгата на другарот од детството на Марфи, Харис Хеит, Растејќи и смеејќи се со Еди, многу време пред Марфи да почне да пишува за Враќање во Америка, Арт Бучвалд отишол во Парамаунт Пикчерс со идејата за сличен филм. Неговиот материјал бил одбиен, но Парамаунт ги задржал информациите. Им се допаднала идејата на Бучвалд, но не биле подготвени да му платат, па ја зачувале за подоцна. Неколку години подоцна, Парамаунт му ја претставиле идејата за Доаѓање во Америка на Еди, и му го дале договорот. Марфи напишал сценарио кое излегло на виделина токму кога се покажа и на сребрениот екран. Во 1988 година, Бачвалд го тужел Марфи и Парамаунт, но Марфи не бил одговорен за тоа затоа што Парамаунт го добил материјалот.

Во мај 1997 година, Марфи го застанала полиција со транвестит проститутка во неговиот автомобил, непосредно пред издавањето на Д-р Дулитл, што му донело голем број проблеми во односите со јавноста.

Филантропија

уреди

Марфи има донирано пари на Фондацијата за СИДА, борба против рак, образование, креативни уметности, семејна/родителска поддршка и добротворни цели за бездомници. Тој донирал пари во Центарот Мартин Лутер Кинг Џуниор, разни добротворни цели за борба против рак и 100,000 долари на фондот за помош на штрајкот на Здружението на филмски глумци.[13]

Наводи

уреди
  1. Eddie Murphy Movie Box Office Results
  2. „People Index“. Box Office Mojo. Посетено на August 29, 2010.
  3. „Comedy Central 100 Greatest Standups of all Time“. Listology. May 19, 2005. Посетено на August 29, 2010.
  4. Kilday, Gregg (December 14, 2006). 'Dreamgirls' Snares Multiple Golden Globe Nods“. The Hollywood Reporter.
  5. Lovece, Frank. "'Beverly Hills Cop 3 – Eddie Murphy Is Back", Calhoun Times, June 1, 1994. Retrieved January 7, 2011.
  6. 6,0 6,1 6,2 Stated in interview on Inside the Actors Studio
  7. Flippo, Chet (October 11, 1982). „Eddie Murphy Live: The razor-edged king of late night comedy“. New York. Посетено на June 27, 2011.
  8. „Eddie Murphy Biography (1961–)“. Filmreference.com. Посетено на August 29, 2010.
  9. Eddie Murphy Biography – Yahoo! Movies Архивирано на 9 ноември 2011 г..
  10. Shales, Tom (2003). Live from New York: An Uncensored History of Saturday Night Live. Back Bay. ISBN 0-316-73565-5.[мртва врска]
  11. „Eddie Murphy and wife divorce after 12 years“. Hello!. August 8, 2005.
  12. „Eddie Murphy and Nicole Mitchell Marriage“. About.com.[да се провери]
  13. „Eddie Murphy's Charity Work“. Looktothestars.org. Посетено на August 29, 2010.

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: