Еден ден во Европа (филм)

филм

Еден ден во Европа е германско-шпански филм од 2005 година. Режисер на филмот е Ханес Штер, а главните улоги ги играат: Меган Геј, Људмила Цветкова, Флоријан Лукас и др. Филмот е номиниран за „Златна мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал во 2005 година.

Кратка содржина

уреди

На денот на финалето на Лигата на шампиони меѓу „Галатсарај“ и „Депортиво ла Коруња“ во Москва насекаде владее фудбалската треска. Само со разбирањето понекогаш е многу тешко... Една британска деловна жена и една руска пензионерка во Москва, еден турист со ранец од Берлин и еден такси-возач во Истанбул од Шлеска, еден унгарски поклоник и галисиски полицаец во Сантјаго де Компостела, еден француски пар улични уметници во Берлин: сите тие на некој начин се инволвирани во кражби на багаж. Филмот со топлина и љубопитност раскажува за луѓето во Европа, за средбите и недоразбирањата, за патувањето, пристигнувањето и заминувањто - и за можноста за зближување.