Егоиц Гарсија

шпански велосипедист

Егоиц Гарсија Ечегвибел (шпански: Egoitz García Echeguibel; р. 31 март 1986) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за континенталната екипа Екипо Боливија. Претходно наспувал за професионалната континентална екипа Кофидис.[1]

Егоиц Гарсија
Egoitz García (2014).
Лични податоци
Цело имеЕгоиц Гарсија Ечегвибел
Роден31 март 1986 (1986-03-31) (35 г.)
Баракалдо,  Шпанија
Висина1,80 м
Маса70 кг
Податоци за клубот
Мом. клубЕкипо Боливија
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Аматерски клубови
2009
2009
ЕЦП
Андора-Грандвалира
Професионални клубови
2010–2011
2012–2014
2015
2016
2017-
Каха Рурал-Сегурос РГА
Кофидис
Мурија Талдеа
Ал Маракеб Сајклинг Тим
Екипо Боливија
Значајни победи
Париз-Корез (2012)
Последна промена
27 август 2017

Гарсија настапува како професионалец од почетокот на сезоната 2010, возејќи како член на екипата Каха Рурал-Сегурос РГА две сезони пред да се приклучи во Кофидис за сезоната 2012.[2] Во август 2012, Гарсија ја освоил неговата прва победа за екипата, победувајќи на двоетапната трка Париз-Корез во Франција; завршувајќи со главната група на првата етапа, Гарсија завршил втор зад возачот на ФДЖ-БигМет Кени Елисонде на последната етапа, откако двоецот се одвоил од главната група.[3] Во декември 2014 година било објавено дека Гарсија ќе се приклучи на новата баскиска екипа Муријас Талдеа за 2015 година.[4]

ДостигнувањаУреди

2004
3. Национално јуниорско хронометарско првенство
2007
1. Етапа 1 Вуелта Сиклиста а Ваљадолид
2009
1. ГП Макарио
2010
7. Гран Премио де Љодио
2011
7. Краен пласман Трка околу Турција
8. Коле-По де Лоара
2012
1. Краен пласман Париз-Корез
2013
3. Сиркуито де Гечо
4. Трофео Кампос-Сантањи-Сес Салинес
4. Трофео Платха де Муро
7. Краен пласман Тур ду Хаут Вар
10. Омлоп хет Ниувсблад
10. Пруеба Вилјафранка де Ордизија
2014
3. Краен пласман Ла Тропикале Амиса Бонго
9. Омлоп хет Ниувсблад
2015
7. Национално друмско првенство
9. Сиркуито де Гечо

НаводиУреди

  1. „Кофидис (COF) - ФРА“. UCI Continental Circuits. Меѓународен велосипедистички сојуз. Посетено на 31 јануари 2014.
  2. „Egoitz García signed with the French Cofidis team for next season“. Marca (шпански). Unidad Editorial. 29 септември 2011. Посетено на 4 август 2012.
  3. „Гарсија победи на Париз-Корез“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. 2 август 2012. Посетено на 4 август 2012.
  4. Виндзор, Ричард (1 декември 2014). „Нова професионална континентална екипа се надева дека ќе го замени Еускалтел-Еускади како модел за баскискиот велосипедизам“. Cycling Weekly. Посетено на 13 декември 2014.

Надворешни врскиУреди