Евстахиј Антиохиски

За други значења на поимот видете ја страницата за појаснување.

Свети Евстахиј Антиохиски е христијански светец и Патријарх на Антиохија во текот на 4 век. Тој учествувал на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година, каде заземал позиција против аријанството. Заедно со останатите отци Евстатиј проповедал дека според Божествената суштина Исус Христос како Син Божји е рамен на Отецот и на Светиот Дух.

Свети Евстахиј Антиохиски
епископ
Роден(а) непознато,
Починал(а) 345
Почитуван(а) во православие, Римокатоличка црква, Коптска православна црква
Слава

По смртта на Константин Велики, ариевците повторно започнале немилосрдно да го гонат православието. Свети Евстатиј бил симнат од неговиот престол и протеран најпрво во Тракија, а потоа во Македонија.

Починал во 345 година.