Европа (римска провинција)
Европа ― римска провинција во рамките на Диецезата Тракија.
Провинција Европа Provincia Europae | |||||
Провинција на Римската Империја | |||||
| |||||
Европа во рамките на Диецезата Тракија околу 400 година. | |||||
Главен град | Перинт | ||||
Историски период | Доцна антика | ||||
- | Реформи на Диоклецијан | 314 | |||
- | Тематски реформи | 640ти | |||
Денес во | Турција |
Историја
уредиОснована од римскиот император Диоклецијан (284–305),[1] провинцијата во голема мера одговара на она што е денешна европска Турција. Главниот град на покраината првично бил Аркадиопол, а потоа и Перинт (подоцна познат како Хераклеја; денешен Мармара Ерелиси).
Граничела само со провинциите Родопи и Хемимонт на запад и северозапад, Европа била полуостров и беше опкружена со вода од три страни: Црното Море на североисток, Босфорот на исток и Мраморното Море и Егејското Море на југ и југоисток.
Најголемиот град покрај Црното Море бил Салмидес. По должината на брегот на Мраморното Море се наоѓале градовите Перинт (главниот град; подоцна познат како Хераклеја), Селимбрија, Рајдест и Калипол. На брегот на Егејското Море и на устието на реката Марица (Хебрус) во Меласкиот (Сароскиот) Залив се наоѓал градот Енус.
Наводи
уредиИзвори
уреди- Rees, Roger (2004). Diocletian and the Tetrarchy. Edinburgh, UK: Edinburgh University Press. ISBN 9780748616602.