Еве го пак Карлсон од покривот
„Еве го пак Карлсон од покривот“ (шведски: Karlsson på taket smyger igen) - книга за деца на шведската писателка Астрид Линдгрен, првобитно објавена во 1968 година.
Содржина
уредиПовеста се состои од следниве глави:[1]
- Секој има право да биде Карлсон
- „Летачко буре или нешто друго“
- Карлсон се сеќава дека има роденден
- Карлсон најдобар во одделението
- Карлсон останува да спие кај Кускуле
- Карлсон вежба гнервирање со кифлички и со палачинки
- Карлсон е најдобриот иследувач по 'ркање на светот
- Карлсон најдобро замрзнува во темно
- Карлсон го открива светот на сказните пред чичко Јулиус
- Карлсон станува најголемиот богаташ на светот
Изданија на македонски јазик
уредиПовеста „Карлсон од покривот“ е објавена на македонски јазик во 1978 година од издавачката куќа „Детска радост“, како дел од книгата „Повести за Карлсон“ која ги содржи трите повести. Книгата е издадена како деветти наслов во едицијата „Ѕуница“, а преводот од руски јазик го направил Евтим Манев. Автор на кориците и на внатрешните илустрации е Владо Јоциќ. Книгата е отпечатена во печатницата на НИП „Нова Македонија“ во тираж од 2 000 примероци. Книгата не е каталогизирана и не ја поседува меѓународната ознака ISBN.[2]