Ел Нињо

(Пренасочено од ЕНСО)

Ел Нињо - Јужно Колебање (ЕНЈК) е глобален двоен океанско-атмосферски феномен. Се состои од две појави со спротивставени ефекти - Ел Нињо и Ла Ниња кои всушност претставуваат значајни температурни флуктуации на површинските води на тропскиот Јужен Тихи Океан. Имињата доаѓаат од шпанскиот јазик и значат "малото момче" и "малото девојче", а се однесуваат на детето Исус, бидејќи феноменот е забележан околу Божиќ по времето на Тихиот Океан на западниот брег на Јужна Америка. Нивното влијание на климата на јужната полутопка е огромно, а влијанието врз глобалното затоплување сѐ уште се испитува. Овие ефекти првпат биле опишани во 1923 од страна на Сер Гилберт Вокер, од кого Вокеровата циркулација, важен аспект на феноменот ЕНЈК, го добил своето име. Јужното Колебање се однесува на месечните или сезонските флуктуации на воздужниот притисок помеѓу Тахити и Дарвин. Ел Нињо влијае на Австралија преку сушата. Во септември 2006, Ел Нињо сѐ уште е активен и се очекува ова да продолжи и во 2007.

Графикон на температурната аномалија (исцртано) на КИ40 океанската површина на Тихиот Океан за време на циклусот Ла Ниња во јануари 2006.