The Dresden Dolls
(Пренасочено од Д Дрезден Долс)
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
The Dresden Dolls (Д Дрезден Долс, превод од англиски: Куклите од Дрезден) е американски музички дует од Бостон, Масачусетс. Основана во 2001, групата се состои од Аманда Палмер (Amanda Palmer) (вокали, пијано, хармоника, укелеле) и Брајан Виљоне (Brian Viglione) (тапани, гитара, придружни вокали). Двајцата го опишуваат својот стил како "Брехтовско панк кабаре", фраза измислена од Палмер бидејќи била "ужасната" од помислата дека печатот ќе измисли име што "ќе го содржи зборот готик (gothic)". Тие се дел од движењето дарк кабаре што започнува во раните 90-ти. Инспирирани се од уметноста на Бертолт Брехт и Курт Вејл.
The Dresden Dolls | |
---|---|
The Dresden Dolls: Аманда Палмер (лево) и Брајан Виљоне (десно) | |
Основни податоци | |
Потекло | Бостон, Масачусетс, САД |
Жанр(ови) | Алтернативен рок Панк рок Дарк кабаре |
Години на активност | 2001 - денес |
Мрежно место | Официјално мрежно место |
Членови | Аманда Палмер Брајан Виљоне |
„The Dresden Dolls“ на Ризницата ? |