Душко Иваноски
Душко Трајков Иваноски ( 1925 во Прилеп — 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиОкупацијата го затекнала во Скопје, како општ работник. Брзо се приклучил кон народно-ослободителното движење и бил учесник во извршувањето на разни диверзантски задачи и акции. Подоцна стапил во третиот баталјон на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Учествувал во ударни групи за извршување на борбени задачи и акции на железничката линија Скопје - Велес. Од мините што ги поставувал, повеќе германски композиции биле целосно исфрлени од колосеците, а железничката линија целосно онеспособена за користење од непријателот. Исти успеси постигнал и при уништувањето на телефонските линии. Во една од диверзантските акции на железничката линија кај Горно Лисиче, кога поставувал мини, дошло до вооружен судир со германска патрола. Тогаш бил смртно погоден и загинал во близината на Долно Лисиче.