Дуравски јазик
(Пренасочено од Дурава (јазик))
Дуравскиот јазик (девангарско писмо: दुरुवा ), или познат како дурава или парџи, е дравидски јазик кој се зборува од народот Дурава во Индија, во сојузната држава Чатисгар. Дуравскиот е сроден со оларскиот и коламскиот јазик.
Дуравски јазик | |
---|---|
दुरुवा | |
Застапен во | Индија |
Говорници | 80,000 (2002) |
Јазично семејство | дравидско
|
Писмо | девангарско писмо, оријско писмо |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | pci |
Класификација
уредиДуравскиот јазик е дел од централните дравидски јазици.[1][2] Јазикот, општо гледано, е устен, а не пишан, но кога има потреба од запишување на јазикот се користи девангарско писмо или оријско писмо.
Дијалекти
уредиЈазикот има 4 главни дијалекти:
- тирија
- нетанар
- дарба
- куканар
Наводи
уреди- ↑ Fairservis, Walter Ashlin (1997). The Harappan Civilization and Its Writing: A Model for the Decipherment of the Indus Script. Asian Studies. Brill Academic Publishers. стр. 78. ISBN 978-9004090668.
- ↑ Stassen, Leon (1997). Intransitive Predication. Oxford Studies in Typology and Linguistic Theory. Oxford University Press. стр. 335. ISBN 978-0199258932.